Почнува 10-тото јубилејно издание на фестивалот на краток филм Drim Short

Вечерва, со почеток од 19:30 часот, во Паркот на поезијата во Струга започнува десеттото јубилејно издание на фестивалот на краток филм Drim Short.

Во текот на пет фестивалски денови публиката ќе гледа филмови од пет натпреварувачки програми: Меѓународна, Регионална, Национална, Студентска и Специјалната програма „Соочување со минатото“ во соработка со „Про Пис Северна Македонија“.

Жирито кое ќе одлучува за наградите во секоја категорија е во состав: Масимилиано Нардули (сценарист), Верица Недеска (актерка), Цанко Василев (продуцент) и Гледис Бица (режисер).

Вo продолжение се наоѓа програмата и распоредот за првиот фестивалски ден.

Програма за 5 август (среда)

Локација: Парк на поезијата, Струга

19:30 Свечено отворање и проекции на филмови

Меѓународна програма: A south facing window, режија: Lkhagvadulam Purev-Ochir Wonderwall, режија: Róisín Burns

Регионална програма: Imaginary Numbers, режија: Jelica Jerinić

Специјална програма: „Соочување со минатото“ I Believe the Portrait Saved Me, режија: Alban Muja

Национална програма: КЛУПА, режија: Трифун Ситниковски [премиера]

По проекциите следува серија на прашања и одговори со Златко Ѓелески и присутните автори.

Музичка програма е закажана од 22:30 часот со концерт на Дина Јашари.

Распоредот и програмата се достапни на социјалните мрежи и веб-страницата на Drim Short.

Влезот за сите настани е бесплатен!

Генерален покровител на јубилејното издание на фестивалот е Агенцијата за филм на Северна Македонија. Ова издание е овозможено од повеќе партнери и спонзори.

Тагови
реклама

Култура

Со распродадени проекции за првата фестивалска вечер, утре почнува 17. МакеДокс

Read more

Што ќе гледаме на „Карпошово културно лето“ од 20 до 30 август?

Read more

Како Ведрана Рудан зборуваше за смртта

Read more

Почина хрватската писателка и колумнистка Ведрана Рудан

Read more

Вести

  • play_arrow

Како сцена од филм: Унгарци снимале како минуваат низ страшниот пожар кај Омиш

Читај повеќе

Сојузот на борци од Тетово бара со закон да се забрани именувањето улици во чест на фашисти

Читај повеќе

Утре времето ќе биде сончево и многу топло

Читај повеќе

Гужва на Табановце: Странци чекаат ред за да платат казни снимени од Безбеден град

Читај повеќе

Лажни пораки наводно испратени од Безбеден град стигнуваат до граѓаните, МВР со апел како да ги препознаете

Читај повеќе

Сестрата на Ким Џонг Ун му одговори на Зеленски: Неговите тврдења се неосновани

Читај повеќе

УЈП во Охрид: Сите што издаваат сместување и опрема за рекреација на вода имаат обврска да платат данок на личен доход

Читај повеќе

ЈСП пушти нова линија, ќе вози од Радишани до Карпош 3

Читај повеќе

Топењето на глечер откри морничава тајна стара 34 години: Пронајдени двајца исчезнати алпинисти

Читај повеќе