Вечерва почнува меѓународниот фолклорен фестивал Гази Баба 2026.
„Вечерва Гази Баба ќе биде центар на културата, традицијата и фолклорот. Со гордост ја чуваме и негуваме македонската традиција, нашите песни, ора и обичаи кои со генерации го раскажуваат духот и идентитетот на македонскиот народ. На едно место ќе ги обединиме различните култури преку настапите на ансамбли од Македонија, Романија, Австралија, Србија, Турција, Полска и Русија. Фолклорот е мост кој ги поврзува народите, но и богатство кое сме должни да го зачуваме и пренесеме на идните генерации“, објави градоначалникот Бобан Стефковски.
Фестивалот почнува вечерва од 20:30 часот на плоштадот „Филип II“ во Автокоманда, а нередните денови ќе продолжи во Домот на културата „11 Октомври“ во населбата Ченто и во Маџари.