Промоција и читачки кружок за збирката есеи „Суспендирана итност“ на Ивана Хаџиевска

Со двоен културен настан, на 13 и 14 јуни во Скопје ќе биде претставена првата збирка теориски есеи на историчарката Ивана Хаџиевска, „Суспендирана итност“, со која се отвора и новата едиција „Современа теорија“ на издавачката куќа „Илика“.

Промоцијата ќе се одржи на 13 јуни во кафе-книжарницата „Буква“, каде што со авторката ќе разговара Андријана Папиќ Манчева, а следниот ден, 14 јуни, во социјалниот центар „Дуња“ ќе се одржи читачки кружок, каде публиката ќе има можност да дискутира со Хаџиевска за тематиките од книгата.

Збирката „Суспендирана итност“ ги опфаќа есеите на Хаџиевска напишани меѓу 2014 и 2024 година, во кои преку историја, социологија, филм и родови студии, се анализираат симптомите на кризни руптури што го обележале 20 и 21 век.

Авторката, позната по својот остар и ангажиран стил, ги преиспитува политиките на сеќавање, националните митови и современите идеолошки контрадикции, особено во европскиот контекст. Во интервју за „Букбокс“, Хаџиевска истакнува дека насловот „Суспендирана итност“ ја отсликува атмосферата на нашето време – неможноста за одлучна акција и стеснувањето на хоризонтите на политичкиот можност.

Книгата отвора прашања за улогата на историчарите и интелектуалците во современото општество, критички анализирајќи ги процесите на заборав и селективно паметење, како и влијанието на капитализмот и колонијалното наследство врз колективната меморија.

реклама

Мурињо шокираше: Требало да го наследи Фергусон, па му се јавил во солзи и сè пропаднало

Read more

Британскиот премиер доби интересен предлог: Европска конфедерација што би ја вклучила и Македонија

Read more

СДСМ: Погрешено македонското знаме на прославата за 35 години независност

Read more

Шокантни сцени: Најголемото вештачко езеро во САД на најниско ниво досега

Read more

Култура

Во Охрид почнува Силно светнал ден – бесплатен музички спектакл со 30 македонски изведувачи

Read more

Почнува 10-тото јубилејно издание на фестивалот на краток филм Drim Short

Read more

Фестивалот Охридско лето денеска одбележува 66 години од постоењето

Read more

Пол ван Дајк и Пол Окенфолд за 35 години независност во Струмица

Read more

Вести

Нови цени на горивата од полноќ: Бензинот поевтин за 4, дизелот за 8 денари

Читај повеќе

Нова дигитална алатка Пратеници.мк ги доближува отворените податоци на Собранието до граѓаните

Читај повеќе

Green Coast го носи Nammos Hotels & Resorts во Албанија: Нова lifestyle дестинација се создава на албанската ривиера

Читај повеќе
  • play_arrow

Етна исфрла големи количини пепел, откажани летови на аеродромот во Сицилија

Читај повеќе

ИЈЗ со препораки за лицата над 65 години: Избегнувајте да излегувате од 11 до 17 часот, не вклучувајте шпорет од 13 до 17

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ одговори на обвинувањата за знамето: На СДС му смета независноста и сега е против македонското знаме кое двапати го менуваше

Читај повеќе

Левица: Скандалозен оглас на Министерството за култура, се бара советник за култура исклучиво со економски факултет

Читај повеќе

Британскиот премиер доби интересен предлог: Европска конфедерација што би ја вклучила и Македонија

Читај повеќе

Ескалира дипломатскиот судир меѓу Шпанија и Италија поради граничните контроли и мигрантите

Читај повеќе