Распишан меѓународниот конкурс за необјавена песна на 9. издание на „Антево слово“ 2026

Меѓународната поетска манифестација „Анџело Ла Векија“ („Il Parnaso – Concorso di Poesia – Premio Angelo La Vecchiao“), во соработка со Здружението за развој на култура и заштита на културно наследство „Контекст – Струмица“ (Kontext) годинава по деветти пат го распишува конкурсот за најдобра необјавена поетска творба „Антево слово“, специјална награда на фестивалот, востановена во чест на великанот на македонската поезија Анте Поповски.

На конкурсот можат да учествуваат поети од Македонија кои ќе испратат една своја необјавена песна на e-mail адресата: antevoslovo@gmail.com на македонски и италијански или англиски јазик. Со учеството на овој конкурс истите автоматски учествуваат и за носечката награда на манифестацијата „Парнас – награда на Анџело Ла Векија“. Поезијата може да се испраќа до 30 јуни 2026 година.

Претставниците на манифестацијата велат дека конкурсот за поезија е создаден со цел да се прослави и овековечи, преку „возвишена поезија“, духот, душата, суштината и есенцијата на животот. Најмногу пријавени поети има од Италија, но меѓу учесниците има поети од цела Европа, Балканот и пошироко.

Специјалната награда „Антево слово “ ќе ја координира интернационална жири-комисија со која ќе претседава поетот од Македонија Митко Гогов, поет и претствник на Здружение за развој на културата и заштита на културното наследство „Контекст – Струмица“. Специјалната награда „Антево слово“ официјално ќе се додели летото, 2026 година во Каникати, Сицилија, како дел од програмата на меѓународната поетска манифестација „Парнас – награда на Анџело Ла Векија“.

Сите пријавени учесници ќе имаат можност да влезат во конкуренција за двете награди, носечката награда „Анџело Ла Векија“, награда која е именувана по проф. Анџело Ла Векија, познат во Сицилија и на територијата на Италија со неговата работа како поет, драмски писател, историчар и професор и специјалната награда „Антево слово“ која ќе се доделува во чест на Анте Поповски, познатиот македонски поет, есеист, препејувач и публицист.
 

реклама

Местата што Македонците ги сакаат, тие ги одбегнуваат: Каде во Грција летуваат Грците?

Read more

Замрзнатото месо има рок на траење: Колку долго може да го чувате во замрзнувач?

Read more

X-59 ја проби звучната бариера: Отвора пат за тивки, брзи патнички авиони

Read more

Србија има нови правила за електричните тротинети: Што можеме да научиме од соседите?

Read more

Култура

Нова книга на Милчо Манчевски во Италија

Read more

60. МТФ „Војдан Чернодрински“: Театарот мора да ризикува, да оди по тесна греда

Read more

Почнува караванот за младинска, алтернативна и критичка култура „Тригер“ на Култура Бета

Read more

Сериозни пропусти во финансиското работење на Албанскиот театар утврдија ревизорите

Read more

Вести

Нов удар врз џебовите на потрошувачите во ЕУ: цените на храната во Холандија скокнаа до 10 проценти

Читај повеќе

Бројот на заразени со ебола во ДР Конго се искачи на 635, починати се 127

Читај повеќе

Петрушевски до Петровска: Единствено што направивте за земјоделието е бизнисот со марихуана кој го добиваа луѓе од вашата партија

Читај повеќе

Трамп: Денес ќе го нападнеме Иран многу силно

Читај повеќе

Црна биланс на небото над Блискиот Исток: Колку авиони изгубија САД од почетокот на конфликтот?

Читај повеќе
  • play_arrow

Апасиев до Трипуновски: Вие сте министер на шумската и кванташката мафија

Читај повеќе

Нетанјаху остро му одговори на Ердоган: Антисемитски диктатор кој врши геноцид врз Курдите не може да држи лекции

Читај повеќе

Нова книга на Милчо Манчевски во Италија

Читај повеќе

33-годишник од Карбинци силувал малолетничка и ѝ пренел заразна болест

Читај повеќе