Румена Бужаровска: „Тони“ за неколку месеци го доживува третото издание

АЛЕКСАНДРА СПАСЕСКА
/ 30.04.2025 / 12:08
Фото: Надица Манева Ангеловски

Румена Бужаровска, една од најпознатите македонски писателки, се заблагодари на читателската публика за огромниот успех што го доживува со последната книга, нејзиниот прв роман, „Тони“

„’Тони’ за неколку месеци го доживува третото издание, за што сум им многу благодарна на сите читатели. Наскоро романот ќе биде достапен на српски (Бука), хрватски (Фрактура), а посебно сум среќна што ќе биде објавен и од Галимар (Франција)“, напиша Бужаровска на социјалните мрежи и порача: „Се гледаме на саем!“

Непосредно пред 37. издание на Саемот на книга, првиот роман на писателката Румена Бужаровска, „Тони“, доби свое трето издание откако за само четири месеци беа распродадени 2.000 примероци.

А освен на македонски, „Тони“ наскоро ќе се чита на седум други европски јазици. И додека „Тони“ ја освојува Европа, нови успеси нижат и „Осмица“, „Мојот маж“ и „Господ, па Америка“, што дополнително го потврдува фактот дека Бужаровска е една од најпопуларните македонски писателки, велат од издавачката куќа „ТРИ“ чиј автор е Бужаровска.

Домашните читатели ќе имаат можност да се сретнат со Бужаровска и да добијат потпис на својот примерок на 9 мај (петок), на штандот на ТРИ на Саемот.

реклама

Земјотрес ќе се врати во Скопје кога МКЦ ќе им се врати на скопјани

Read more

Даниел Кајмакоски бил киднапиран во Белград, полицијата го пронашла врзан во автомобил

Read more

Тајната за совршени ќофтиња е во една едноставна состојка

Read more

Измерена најдолгата змија во светот

Read more

Култура

МКЦ за обвинувањата од фестивалот Земјотрес

Read more

Земјотрес ќе се врати во Скопје кога МКЦ ќе им се врати на скопјани

Read more

Серијата книжевни гостувања „Добри гости“ на „ПНВ Публикации“ со ново издание во Охрид

Read more

Јубилеен концерт на Љубојна за 25 години постоење

Read more
 

Вести

МКЦ за обвинувањата од фестивалот Земјотрес

Читај повеќе

Договорено покачување на платите за околу 11.000 административци до 2028 година

Читај повеќе

Кризата на Гренланд ја зголеми популарноста на данските апликации за бојкот на американски производи

Читај повеќе
  • play_arrow

Даниел Кајмакоски бил киднапиран во Белград, полицијата го пронашла врзан во автомобил

Читај повеќе

Кучиња скитници нападнале двегодишно дете во Битола, со тешки повреди пренесено во Скопје

Читај повеќе

Зеленски: САД ги притискаат Русија и Украина да ја прекинат војната пред Мундијалот

Читај повеќе
  • play_arrow

Протести против Игрите во Милано: Демонстрантите фрлаа димни бомби и шишиња кон полицијата

Читај повеќе

Земјотрес ќе се врати во Скопје кога МКЦ ќе им се врати на скопјани

Читај повеќе

Зеленски: Низ разузнавачките канали протекоа детали за договор САД-Русија без Украина

Читај повеќе