Шпаркасе Банка АД Скопје и Националната опера и балет заедно веруваат во иднината – потпишан договор за соработка

Скопје, 3.7.2025 – Официјално беше потпишана стратегиска соработка помеѓу Шпаркасе Банка АД Скопје и Националната опера и балет (МОБ), како дел од платформата за општествена одговорност, Sparkasse Life. Партнерството има цел да даде клучна поддршка кон развојот на културата, да ја приближи уметноста до пошироката публика и да придонесе за збогатување на културниот живот во земјата преку низа настани и активности во текот на годината.

Оваа година за двата соработници носи посебна симболика – 200 години од основањето на матичната групација на Шпаркасе Банка АД Скопје, Штаермеркише Шпаркасе, реномираната австриска банкарска институција со голема традиција, искуство и трајни вредности, но и 200 години од раѓањето на музичкиот великан, Австриецот Јохан Штраус II, чија уметност и денес ја воодушевува светската публика. Обединети под знакот на истрајност, визија и културно наследство, овие два значајни јубилеи се одбележуваат со музика, партнерство и заедничка посветеност на иднината.

„Партнерството со Националната опера и балет е доказ дека традицијата и иновацијата треба да се надополнуваат и во културата, и во банкарството. Горди сме што токму во годината на големиот јубилеј, оваа соработка ќе започне со спектакуларен летен концерт на отворено и што заедно со Националната опера и балет ќе им понудиме на граѓаните уникатни културни доживувања. Sparkasse Life е нашата платформа преку која инвестираме во луѓето и заедницата, таму каде што вистински значи“, изјави г. Санел Кустурица, претседател на Управниот одбор на Шпаркасе Банка АД Скопје.

Оваа соработка ќе започне со организирање летен вечерен концерт „Од МОБ за Скопје!“ во чест на 200-годишнината од раѓањето на Јохан Штраус II, кој ќе се одржи на 5 јули 2025 година, на плоштадот „Мајка Тереза“ во Скопје, под диригентство на маестро Винценц Праксмарер, каде што Шпаркасе Банка е ексклузивен спонзор. На сцената ќе настапат солистите Бригита Симон (сопран) и Иван Наумовски (баритон), како и Оркестарот на Националната опера и балет. Влезот за настанот е бесплатен, но со задолжителна регистрација на следниот линк.

„Потпишувањето на договорот за соработка претставува повеќе од финансиска поддршка. Тој е јасна потврда дека културата е вредност што заслужува внимание и вложување. Ова партнерство е пример како приватниот сектор може да биде стратешки сојузник во развојот на уметноста и зачувувањето на културниот идентитет. Уверени сме дека оваа поддршка ќе овозможи уште поголеми уметнички достигнувања и ќе ја доближи нашата работа до пошироката публика. Во име на целиот колектив на МОБ упатувам искрена благодарност за довербата, визијата и поддршката. Заедно да создаваме уметност што инспирира!“, изјави г. Оливер Арсовски, генерален директор на Национална опера и балет.

Платформата Sparkasse Life ја промовира културата, уметноста, општествената одговорност и вредностите што ги носи заедничкото вложување во иднината. Потпишувањето на договорот за соработка го означува заедничкото настојување на двете институции да придонесат кон збогатување на културниот живот во земјата и создавање можности за поширока публика да ужива во уметноста на високо ниво.

Ова партнерство претставува уште еден чекор кон изградба на „Светот на иднината“ (#TheWorldOfTomorrow) – визија што ги обединува културните, општествените и економските вредности, со кои Шпаркасе Банка АД Скопје речиси две децении е активен партнер на заедницата во државата.

реклама

Кина ги проби границите на фузијата: Вештачкото сонце го доближува човештвото до неисцрпна чиста енергија

Read more

Кинезите открија како најефикасно да извлекуваат злато од електронски отпад

Read more

Список на уреди што ќе станат небезбедни за употреба во 2026 година

Read more

Најглупавите мегапроекти во светот

Read more

Култура

Објавена книгата Семантиката на македонскиот роман на преминот од ХХ во XXI век од Марина Димитриева-Ѓорѓиевска

Read more

Изложба Фудбалски дресови на успешни деца во светот од Тиквешијата и пошироко

Read more

Кинотека на Македонија – Половина век филмска меморија

Read more

Почина писателот Георги Сталев Поповски, син на Стале Попов

Read more
 

Вести

Џабе царините на Трамп – кинескиот извоз руши рекорди

Читај повеќе

Charlie Hebdo на удар поради карикатура за пожарот во Швајцарија

Читај повеќе

Франција ќе отвори конзулат во Гренланд

Читај повеќе

Истраги за два случаи на сексуално насилство врз деца во Кавадарци

Читај повеќе

Лидерска средба за техничката влада, СДСМ одби да учествува

Читај повеќе

Без струја денеска делови од Центар и Аеродром

Читај повеќе

Сончево време со температури до 10°C

Читај повеќе

Русија: Нема да се откажеме од венецуелската нафта

Читај повеќе

Бил и Хилари Клинтон одбија да сведочат за Епстин пред Конгресот

Читај повеќе