Велешката „Рацин“, минијатурата „Вампири“ и дипломска на ФДУ на 6. ден на МТФ „Војдан Чернодрински“

Три претстави со полни гледалишта беа одиграни на петтиот фестивалски ден во Прилеп. Драмски театар со „Парови“ ја наполни големата сала на Центарот за култура „Марко Цепенков“ до последно столче, „Бура“ на прилепскиот театар, првпат се изведе на сцената на „Цепенков“ откако е ставен клуч на театарот, а во алтернативен простор во кафе-бар „Тротоар“ настапи актерот Хакан Даци со монодрамата „Ла Макбет“ во режија на Хакан Даци.

Тркалезните маси предзивикуваат внимание на фестивалот. Вчера простор беше одвоен за претставата „Ричард Трети“ од Шекспир, во режија на Куштрим Бектеши. Класичното дело на Шекспир е негово препрочитување, осоременување за да биде поблиско до денешната публика, нагласи модераторот Звонко Димоски. Претставата длабоко навлегува во најтемните слоеви на главниот лик, Ричард Трети.

-Претставата беше долга, комплексна, всушност, како што е и текстот на Шекспир. Се разбира, не беше едноставно да се следи истовремено и преводот. Режисерот Бектеши овој класичен текст го направил со многу современи изрази и некако филмски. Прашање е колку се инспирирал од филмот од 1955 година. Пренесувањето на „Ричард Трети“ во денешно време во популистички, фашистички контекст, слично на филмот, беше голем предизвик и одлично дело поставено на театарската сцена, рече Димоски.

Главниот актер, Адем Карага, кој и, буквално, го презеде најголемиот товар, и физички и психички, на улогата на сцена беше фасцинантен. Карага, во име на режисерот и во сопствено име како актер ги пренесе согледувањата за сценскиот израз.

-Секоја година сум на фестивалот „Војдан Чернодрински“ и ми е посебно задоволство. Работата на претставата беше напорна полни три месеци. Мене ми требаше време да се „одлепам“ од таа класика за да дојдам до денешново време. Шекспир е Шекспир. Режисерот имаше јасна визија. Неговата визија е да го донесе Шекспир во денешно време. Идејата беше да ја претставиме денешницата и каде таа нѐ води, рече актерот Адем Карага кој го толкува ликот на Ричард Трети.

Карага одговори отворено како се спротивставил на физичката и психолошката тежина на ликот.

-Ние сите, како чисти битија, доаѓаме на светов. Околностите нѐ прават зли. Ричард има физички мани, а конфликтот со околината го прави трагичен лик. Јас сочувствував со него, одговори Карага.

Актерот Шкумбин Истрефи од Приштина имаше прва соработка со режисерот и оствари двојна улога во првата своја претстава.

-Ги играв двајцата браќа на Ричард Трети. Чест ми беше што сум првпат на Фестивалот. Адем е актер кој влегува во длабочината на ликот и мене потоа ми беше лесно. Концептот на режисерот дека сите ние, браќата, сме Ричард, рече Истрефи.

Впечатливи, доминантни улоги имаа и трите женски актерки во претставата. Едната од нив, Сабина Мемиши Асланај која имаше двојна улога, на војводата од Јорк и граѓанин смета дека претставата ја вратила во детството и желбите за актерството.

-Улогите беа лесни, но за улогата на принцот, требаше да „излезам“ од себе и да се трансформирам, рече Мемиши Асланај.

Претставата доби многу честитки од присутните на разговорите. Уметничкиот директор Ана Стојаноска нагласи дека музиката бил моќна.

-„Ричард Трети“ е многу тешка драма. Во театар треба сѐ да се замисли. Претставата нуди многу сериозна анализа на Ричард Трети. Мора да кажам дека Албански театар, како колектив, е најорганизираниот театар и сте пример како тоа се прави во една театарска куќа, рече Стојаноска.

Денес на програмата на фестивалот се исто така три претстави. Од официјалната селекција во 19 часот на големата сцена на „Марко Цепенков“ ќе биде изведена „Рацин“ во режија на Дејан Пројковски, на Театарот „Јордан Хаџи Константинов – Џинот“ од Велес. Улогите ги толкуваат: Исидор Јованоски, Васил Зафирчев, Талија Настова, Славица Манаскова, Весна Димитровска, Јордан Витанов, Кети Борисовска, Кристина Зафирова, Благојчо Стојанов, Илин Јовановски и др.

Од независната сцена денес ќе ја видиме претставата „Вампири“ на режисерот Милош Б. Андоновски, што ќе биде изведена во киното „Мис Стон“ во 21.30 часот. Во оваа претстава учествуваат Ангела Стојановска, Филарета Атанасова и Марина Поп Панкова.

На полноќ, на сцената на „Марко Цепенков“ ќе биде изведена „Тука ќе ни биде крајот“, дипломска претстава на студентите на Драмскиот факултет во Скопје од класата на професорите Сузана Киранџиска и Кристина Леловац.

Покровители на 59. издание на фестивалот се Министерството за култура и туризам и Општина Прилеп. И оваа година фестивалот има предзнак екофестивал и има соработка со „Пакомак“. Спонзори се: Витаминка, Прилепска пивара и Diners Club International.

реклама

УХМР издаде предупредување за невреме на ниво на цела држава

Read more

Брнабиќ: 500.000 луѓе во земја со 3,5 милиони жители извикуваа „За дом, спремни“

Read more

Од 21 јули Грција им наплаќа нова такса на туристите

Read more

Украина ноќеска со дронови ги нападна Москва и Санкт Петербург

Read more

Култура

На 16 јули започнува балканскиот етно фјужн фестивал Локум фест-музика и традиција 2025

Read more

Утре почнува фестивалот Охридско лето: Ќе го отвори американската пијанистка Клер Хуангчи со македонската филхармонија

Read more

Фестивалот на медитерански и балкански филм Преку езерото од 7-12 август во Дојран

Read more

Изложба на фотографии на Виктор Трајковски во Куманово

Read more
 

Вести

  • filter

Ла Ниња се враќа: Дали нè очекува екстремна зима?

Читај повеќе

Британија ќе ја намали возрасната граница за гласање на 16 години

Читај повеќе

Продолжен рокот за ангажирање на 400 пожарникари: Има силен инетерес

Читај повеќе

УХМР издаде предупредување за невреме на ниво на цела држава

Читај повеќе

Топлотните бранови и економијата: Како екстремната топлина влијае врз производството и цените на храната?

Читај повеќе

Левица поднесе Предлог-закон за заштита на името ВМРО

Читај повеќе

Медведев: Можеби ќе бидат потребни превентивни напади врз Западот

Читај повеќе

Ново истражување: Американскиот напад уништи само една од трите ирански нуклеарни постројки

Читај повеќе

Командант на НАТО: На Киев ќе му бидат испорачани системи Patriot „што е можно побрзо“

Читај повеќе