Оваа година традиционалниот фестивал Земјотрес нема да се одржи.
Земјотрес е фестивал кој започна во 2012 година со идеја секоја година да го промовира она најсвежото и најдоброто на домашната алтернативна и независна музичка сцена. Оттогаш секоја година на три бини во една вечер настапуваа од 20 до 25 најдобри, селектирани музичари - бендови, соло артисти, продуценти на електронска музика и диџеи. Земјотрес е независен фестивал и нема спонзори, а зависи единствено од посетителите што купуваат влезница, но и од условите за соработка со Младинскиот културен центар.
„Минатата година, на 13-тото издание, Земјотрес доживеа пораз. Фестивалот доби значителен удар од институционалниот партнер, а за жал и дел од публиката реши да го казни. всушност, Земјотрес 13 (2025) беше единственото издание со приближно 50% послаба посетеност од сите претходни години“, соопштија организаторите.
Во прилог, сооппштението на организаторот за проблемите на фестивалот со МКЦ и Град Скопје: