ЗНМ ги додели наградите за најдобри фоторепортерски остварувања за 2024 година

Светскиот ден на слободата на медиумите, Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ), со поддршка од Европската Унија, организираше изложба на новинарска фотографија под наслов „Медиумска слобода низ објективот: Моментите што зборуваат“ и свечено ги додели наградите за најдобри фоторепортерски остварувања за 2024 година.

На јавниот повик што го распиша ЗНМ пристигнаа вкупно 15 апликации. Жири-комисијата, составена од Владимир Арсовски, Боро Арсовски и Роберт Коцев, ги селектираше најдобрите три фотографии.

Првата награда беше доделена на фоторепортерот Слободан Ѓуриќ за фотографијата „Татко – Кочани“.

Втората награда ја доби фотографијата „Канадер – Охридско Езеро“ од фоторепортерката Маја Јаневска-Илиева.

Третата награда ја поделија фоторепортерите Ѓорѓи Личовски за фотографијата „Ловец на Персиди“ и Роберт Атанасовски за фотографијата „Женски водици“.

Претседателот на ЗНМ, Младен Чадиковски, истакна дека во време кога медиумските работници се соочуваат со сериозни предизвици, важно е гласно да се поддржат оние што со својот објектив ја забележуваат вистината.

„Тоа е посебната улога на фоторепортерите – да бидат и сведоци и хроничари на времето, да ни ги пренесат моментите на радост и надеж, но и моментите на тага, кои понекогаш не можеме да ги изразиме со зборови“, рече Чадиковски.

Изложбата ќе биде отворена до 12 мај и сите заинтересирани ќе имаат можност да погледнат во просториите на Музејот на град Скопје.

Тагови
реклама

Култура

13 јуни 1943, загинал македонскиот поет Кочо Рацин

Read more

„Чиста петка“ од прилепската публика за „Слепци“ на Турски театар  - Скопје

Read more

„Пар распар“ на Театар Комедија, „Слепци“ на Турскиот театар и независната „Казабалкан“ денес на „Чернодрински“

Read more

Промоција и читачки кружок за збирката есеи „Суспендирана итност“ на Ивана Хаџиевска

Read more
 

Вести

Кои земји имаат најмногу боеви глави во 2025 година?

Читај повеќе
  • filter

13 јуни 1943, загинал македонскиот поет Кочо Рацин

Читај повеќе
  • play_arrow

Втор бран израелски напади, „обезглавено“ иранското воено раководство

Читај повеќе
  • filter

„Чиста петка“ од прилепската публика за „Слепци“ на Турски театар  - Скопје

Читај повеќе

СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ се препираат: Чија заслуга е реконструираниот регионален пат од Охрид до Св. Наум?

Читај повеќе

За двајца поранешни министри запрена постапката за трагедијата во Кочани

Читај повеќе
  • play_arrow

Објавени снимки од експлозиите во нуклеарниот комплекс на Иран

Читај повеќе

Владата блокира уште 173 интернет-страници за онлајн-коцкање, информира Меџити

Читај повеќе

Нови детали од истрагата за пожарот во „Пулс“

Читај повеќе