1.198 сообраќајни прекршоци изминатиот викенд, лишени од слобода 42 лица за безобѕирно возење

Во текот на изминатиот викенд (14 и 15 март) како резултат на редовните сообраќајни контроли што ги реализираат полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи на патиштата низ земјава, од вкупно 1.198 издадени платни налози, 465 прекршоци се однесува на возачи кои не ја почитувале пропишаната брзина на движење, извести МВР.

„Лишени од слобода за безобѕирно управување на возило биле 42 лица, од кои 8 за возење под дејство на алкохол, 20 за возење без возачка дозвола, еден поради претходно изречена забрана за управување на возило.

Во истиот период одземени се 13 возила по член 300-б од Кривичниот законик.

Понатаму, според статистичкиот преглед од полициските активности, во текот на изминатиот викенд евидентирани се 173 прекршоци за неправилно паркирање, како и 40 санкции за возење под дејство на алкохол.

Од друга страна пак, а согласно одредбите од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата санкционирани биле 59 возачи на мотоцикли за неносење заштитен шлем, а санкциониран е и 31 пешак. Исто така санкционирани се 112 учесници во сообраќајот кои што не користеле сигурносен појас. Согласно Законот за возила, 20 возила биле отстранети од сообраќај заради тоа што биле нерегистрирани, а 4 заради техничка неисправност.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта“, соопшти МВР.

реклама

Морнарите заглавени во Ормутскиот Теснец почнаа ментално да попуштаат

Read more

Кина создаде ново оружје: Испукува до 2.000 куршуми во минута и не користи барут

Read more

Непријатни несакани ефекти што астронаутите на Artemis II ќе ги доживеат на Земјата

Read more

Новак Ѓоковиќ почна да јаде месо

Read more

Македонија

Бензинот поевтинува за 1,5 денар, дизелот за 2,5 денари, рече Мицкоски

Read more

УХМР: Локален дожд претпладне и температури до 16°C

Read more

Земјотрес од 3,1 според Рихтер регистриран во Делчево и Берово

Read more

Утре посебен режим на сообраќај во Скопје поради празникот Велигден

Read more
 

Вести

  • play_arrow

Бензинот поевтинува за 1,5 денар, дизелот за 2,5 денари, рече Мицкоски

Читај повеќе

Европа се празни: Поразителна мапа на фертилитет

Читај повеќе
  • filter

Кина создаде ново оружје: Испукува до 2.000 куршуми во минута и не користи барут

Читај повеќе

Велигденското примирје во Украина ќе почне наскоро, познати детали

Читај повеќе

Трамп објави „план“ за отворање на Ормутскиот Теснец

Читај повеќе

Санчес повикува на создавање ЕУ војска: Не за 10 години, туку веднаш

Читај повеќе

Ескалира конфликтот Зеленски-Орбан: Какви ќе бидат последиците за Европа?

Читај повеќе

УХМР: Локален дожд претпладне и температури до 16°C

Читај повеќе

Земјотрес од 3,1 според Рихтер регистриран во Делчево и Берово

Читај повеќе