3 години и 6 месеци затвор за Стевчо Јакимовски, градоначалникот на Карпош

Градоначалникот на општина Карпош, Стевче Јакимовски е прогласен за виновен за две кривични дела и е осуден на затворска казна од 3 години и 6 месеци затвор, соопшти Кривичниот суд во Скопје.

Јакимовски е осуден за бесправна изградба и злоупотреба на службената положба кои според пресудата се сторени за време на изградбата на новата Општинска зграда на Карпош.

Судот одлучи и административно-деловната зграда на Општината да биде одземена и конфискувана во корист на државата.

Поранешен вработен во Општина Карпош е осуден на условна казна.

„Основниот кривичен суд Скопје, денеска 23.04.2025 година, ја објави пресудата за предметот со КОК бр. 157/21 против С.Ј. и Т.Ѓ., со која двајцата обвинети ги огласи за виновни за кривичните дела кои им се ставаат на товар и ги осуди на начин што: С.Ј. се осудува на единствена казна затвор во траење од 3 години 6 месеци, додека Т.Ѓ. му изрече алтернативна мерка – Условна осуда во траење од 2 години затвор која нема да се изврши доколку во следните 5 години не стори ново кривично дело. Заради интерес на јавноста во прилог доставуваме дел од изреката на пресудата: При денешната објава на пресудата за предмето со КОК бр. 157/21, Претседателот на советот ја изрази својата загрижност што оваа постапка трае повеќе од 6 години, како и дека за истото нема разумно оправдување. Откако постапката почна одново, поради промена на Претседателот на советот, а како странките се согласија претходно изведените докази да бидат прочитани, за помалку од една година овој предмет заврши во прв степен.

Со оглед дека поради измените на Кривичниот законик во однос на кривичното дело Злоупотреба на службената положба и овластување од член 353, застареа стотици предмети, а како Јавното обвинителство ја продолжи кривичната постапка против обвинетиот С.Ј., по наоѓање на овој суд не може да стане збор за продолжено кривично дело, бидејќи ниту временски, ниту пак според начинот и приликите на сторување може да стане збор за такво дело, па од тие причини судот донесе пресуда со која го одби обвинението од став I точка 1 и точка 2 од Усогласениот обвинителен акт, согласно член 402 став 1 точка 6 од Законот за кривична постапка, бидејќи кривичното гонење не може да се преземе поради застареност.

Судот го прогласи за виновен обвинетиот С.Ј за кривично дело – Бесправно градење од член 244-а став 1 од Кривичниот законик за изградба на деловен објект – административен објект на Локалната Самоуправа, и за ова кривично дело му изрече казна затвор во траење од 1 – една година. Предвидената казна за ова дело е од 3 до 8 години затвор, но имајќи ја предвид намената на објектот како и казнената политика на овој суд, судот ја изрече оваа казна. Имено според податоците, во овој суд досега се воделе 17 предмети за истото дело, од кои 8 се завршени со условни санкции. А, само во два предмета се изречени затворски казни.

Согласно член 244-а став 6 од Кривичниот законик, изградената недвижност деловен објект – административен објект на Локалната Самоуправа која се наоѓа на КП.бр.612 за КО Карпош, на ул.„Радика“ бр.9, Барака 1 и 2, се одзема во корист на Република С. Македонија.

Судот го осуди обвинетиот С.Ј. и за сторено кривично дело – Злоупотреба на службената положба и овластување од член 353 став 4 в.в. со став 1 в.в.со член 45 од Кривичниот законик, на казна затвор во траење од 3 – три години.

Со оглед дека на обвинетиот С.Ј. му се суди истовремено за две кривични дела, судот откако претходно ги утврди казните за секое дело одделно, па за двете дела му изрече единствена казна во траење од 3 години и 6 месеци. Во изречената казна затвор на обвинетиот му се засметува и времето поминато во куќен притвор.

Судот го осуди и обвинетиот Т.Ѓ., претходно вработен во Општина Карпош, за кривично дело – Злоупотреба на службената положба и овластување од член 353 став 4 в.в. со став 1 в.в. со член 45 од Кривичниот законик, и му изрече алтернативна мерка условна осуда, така што на овинетиот му утврди казна затвор во траење од 2 – две години и истовремено определи дека истата нема да се изврши доколку обвинетиот за време од 5 – пет години од правосилноста на стори ново кривично дело.

Двајцата обвинети солидарно се задолжени да ја надоместат штетата на Буџетските средства на Република С. Македонија“, се истакнува во соопштението од судот.

реклама

Роналдо им се потсмеваше на Ирците, па го стигна карма и доби црвен

Read more

Изјавите на Димитриевски ги разлутија челниците на Валенсија

Read more

Дали маратонски секс e гаранција за оргазам?

Read more

Кинески хороскоп: Како 2026 - Годината на Коњот - ќе ви го промени животот?

Read more

Македонија

Судиите со остра критика до Мицкоски: Вашите коментари ја преминаа границата на добро однесување

Read more

Лекарите открија 10 непотребни операции на срце или неправилно упатени пациенти, засега велат дека не е етички да ги кажат болниците

Read more

Делови од Бутел, Карпош и Центар денеска без вода

Read more

Неколку скопски општини денеска без струја

Read more
 

Вести

Судиите со остра критика до Мицкоски: Вашите коментари ја преминаа границата на добро однесување

Читај повеќе

Објавен Речник на псевдонимите во македонската книжевност од првата половина на ХХ век од Славчо Ковиловски

Читај повеќе
  • play_arrow

Руската елитна единица Рубикон ја уништува клучната предност на Украина: Многу е опасно да се биде оператор на дронови

Читај повеќе
  • play_arrow

Лекарите открија 10 непотребни операции на срце или неправилно упатени пациенти, засега велат дека не е етички да ги кажат болниците

Читај повеќе

Унгарија и Словачка би можеле да ја блокираат иницијативата за запленување на замрзнатиот руски имот поради корупцискиот скандал во Киев

Читај повеќе

Колумбискиот претседател: Трамп е варварин

Читај повеќе

Бевме на работ на војна со Северна Кореја: Шокантно откритие на јужнокорејските обвинители

Читај повеќе
  • filter

Русија го нападна Киев со стотици дронови и ракети: Десетици повредени

Читај повеќе

Делови од Бутел, Карпош и Центар денеска без вода

Читај повеќе