52-годишен пациент доби ново срце, 23-годишно момче бубрег и шанса за поквалитетен живот

На две лица им се пресадени органи од донор, соопшти Министерството за здравство.

„Во градите на 52-годишен пациент, кој од 2021 година со нетрпение и верба чекаше на националната листа за трансплантација – од денес чука ново срце. Симбол на нов живот, нов почеток и неизмерна благодарност.

Истовремено, 23-годишно момче доби бубрег, и со него шанса за поквалитетен живот.

Донирани се и коскени ткива, уште еден исклучителен дар, кој ќе помогне во лекување и обновување на живот“, информираат од Министерството за здравство.

Кога болката е неиздржлива, а зборовите немаат сила, додаваат од министерството, постојат луѓе кои наоѓаат сила да ја донесат можеби најхуманата одлука.

„Токму тоа го стори едно семејство, кое во најтешките мигови од својот живот одлучи да подари живот на другите.

Со оваа исклучителна одлука за органдонорство, нивниот сакан продолжува да живее во срцата, телата и насмевките на луѓе кои повторно имаат шанса.

Министерството за здравство ја изразува својата најдлабока почит за ова храбро семејство. Нивната одлука за нас е патоказ при креирање на идните политики. Благодарност до сите здравствени работници чија посветеност, експертиза и професионалност ја имаа оваа благородна мисија за нова надеж и нов живот“, вели Азир Алиу, министер за здравство.

„Огромна почит до семејството на починатиот донор, кое со оваа храбра одлука одлучи да го промени крајот на нечија приказна. Кога сме сплотени и имаме една ваква хумана мисија, заеднички и тимски може да поместуваме граници“, вели проф. д-р Билјана Кузмановска, национален координатор за трансплантација.

Пациентите, како што е соопштено, се во стабилна состојба.

реклама

Хирон влегува во Бик по 50 години: Голема среќа за 3 хороскопски знаци

Read more

Крај на доплатата за рачен багаж во Европа: Бесплатен куфер со секоја карта од 2027 година

Read more

Трамп преку ноќ го укина пристапот на Европа до најмоќните AI модели

Read more

Едноставен рецепт кој плени со својата свежина: Сочен колач со лимон и ф'стаци

Read more

Македонија

Осум години од потпишувањето на Преспанскиот договор

Read more

ЦУК: До 18 часот регистрирани се 14 пожари на отворено

Read more

Невреме во Скопје и Куманово, утре попладне повторно пороен дожд и грмежи

Read more

Владата го изгласа пуштањето во употреба на One Stop Shop со Албанија

Read more

Вести

Родителите на Коста К. слушнале снимка од разговорот со полицијата во кој го признава масакрот

Читај повеќе

Осум години од потпишувањето на Преспанскиот договор

Читај повеќе

Хилари Клинтон: Џо Бајден направи ужасна грешка

Читај повеќе

Колапс на кубанскиот туризам

Читај повеќе

Скопјанецот кој запали дипломатски возила бензинот го купил од бензинска во близина на бугарската амбасада

Читај повеќе

Лавров: Би било добро ако Украина се приклучи на ЕУ, тогаш би се распаднала

Читај повеќе

Објавен договорот меѓу САД и Иран, има 14 точки

Читај повеќе

ЦУК: До 18 часот регистрирани се 14 пожари на отворено

Читај повеќе

Невреме во Скопје и Куманово, утре попладне повторно пороен дожд и грмежи

Читај повеќе