7 нови случаи на Западен Нил во Скопје за една недела, 3 пациенти во критична состојба

Во текот на оваа недела во земјата се регистрирани 7 нови случаи на инфекција со вирусот Западен Нил. Сите случаи се од Скопје: по два од општините Кисела Вода и Гази Баба и по еден од Илинден, Бутел и Аеродром. Новозаболените лица се на возраст од 60 до 84 години и сите се хоспитализирани.

На Универзитетската клиника за инфективни болести и фебрилни состојби во моментот се хоспитализирани вкупно 16 пациенти. Кај 15 од нив инфекцијата е лабораториски потврдена, додека за еден суспектен случај се очекуваат резултатите. Тројца пациенти се во критична состојба и се интубирани.

Станува збор за повозрасни лица со придружни заболувања. Останатите пациенти се во стабилна состојба и добиваат соодветен третман.

Досега во државата се регистрирани вкупно 20 случаи на инфекција со вирусот Западен Нил. Првиот случај бил пријавен на 15 мај годинава во Велес.

Најефикасната превенција е заштитата од убоди од комарци. Се препорачува да се избегнува престој на отворено во зори и во самрак, кога комарците се најактивни, како и да се користат репеленти и заштитни мрежи на вратите и прозорците.

Граѓаните треба редовно да ги отстрануваат застоените води од дворовите и терасите, бидејќи тие претставуваат погодни места за размножување на комарците.

реклама

Разбиена озлогласената „Дубаи Банка“ што переше пари за нарко-картели 

Read more

Винисиус го покажа на дело новото правило во ЛШ

Read more

Млада Месечина во Девица на 11 септември: Големо ресетирање за секој хороскопски знак

Read more

22-годишната Зејнеп е новиот тренер на машката екипа на Тургутлуспор

Read more

Македонија

Утре сончево и топло, попладне со услови за дожд, грмежи и засилен ветер

Read more

Сексуалното образование оди на ревизија

Read more

Мицкоски не кажа колку пари е настапот на Давид Гета оти и граѓаните и буџетот настаните ги чинат 0 денари, сè платиле компании

Read more

Само 32% од учениците го достигнале основното ниво по математика, Јаневска: Резултатите се многу лоши

Read more

Вести

ЕУ ги менува правилата за јавни набавки: Најевтината понуда повеќе нема да биде пресудна

Читај повеќе

Црна Гора бара полноправно членство во ЕУ: Не прифаќаме статус на членка од втор ред

Читај повеќе

Германија ќе му доставува на Киев податоци за Украинците способни за воена служба

Читај повеќе

Утре сончево и топло, попладне со услови за дожд, грмежи и засилен ветер

Читај повеќе

Боите на слободата во Музеј на Македонија

Читај повеќе

Сексуалното образование оди на ревизија

Читај повеќе

Мицкоски не кажа колку пари е настапот на Давид Гета оти и граѓаните и буџетот настаните ги чинат 0 денари, сè платиле компании

Читај повеќе

Американската војска уништи 5 ирански танкери, Техеран веднаш возврати

Читај повеќе

Само 32% од учениците го достигнале основното ниво по математика, Јаневска: Резултатите се многу лоши

Читај повеќе