Алиу: Воздухот мириса, но ве уверувам дека не е штетен на ниво што предизвикува здравствени проблеми

Иако депонијата Дрисла трет ден го полни Скопје со смрдеа на изгорена пластика и гума, министерот за здравство, Азир Алиу, дури денеска јавно даде препораки до граѓаните одговарајќи на новинарски прашања по посетата на Градската општа болница „8 Септември“. Се обиде да ги смири скопјани со објаснување дека чадот што го дишат нема да им предизвика здравствени проблеми.

„Ние заедно со Институтот за јавно здравје прво анализиравме дали постои некој тип загадување на ниво на штета по здравјето на граѓаните. Ве уверувам дека мирисот се чувствува и не е пријатен, но воздухот во моментот не е на ниво на загаденост кое предизвикува здравствени проблеми кај граѓаните. Сепак, препорачувам граѓаните да не се движат надвор ако тоа не е неопходно“, рече министерот Алиу.

Во периодот што следи министерот Алиу рече дека здравствените власти ќе имаат работна група која „ќе може да придонесе за промените во здравјето на граѓаните предизвикани од воздухот“.

Директорот на болницата „8 Септември“, Синиша Стојаноски, кажа дека квалитетот на воздухот мора да се мониторира, посебно во периодот кој доаѓа кога се зачестени респираторните инфекции и во кој во соработка со Министерството за здравство лекарите треба да бидат достапни на пациентите 24/7 за да се помине што е можно помал број посериозни заболувања од респираторен тип.

Веќе трет ден скопајни не можат да отворат прозорен ни преку ден ниту ноќе оти чад од депонијата Дрисла го обви градот. Премиерот Христијан Мицкоски денеска најави дека со механизација од опптествено одгворни комапнии ќе влезе на депонијата за да се спречи понатамошно чадење кое стигнува и до градот, а трајно решение ќе бара со новиот градоначалник на Скопје.

реклама

Како намалувањето на внесот на кофеин влијае на телото?

Read more

Која е разликата меѓу прашок, течен детергент или капсули за перење алишта?

Read more

Казнети возачите што вееја знамиња на улица и блокираа сообраќај во Скопје

Read more

Хегсет: Егзекуцијата со стрелање на поранешниот мајор ќе ја пренесуваме во живо

Read more

Македонија

Левица: Партијата која ги распродаде фабриките и остави илјадници стечајци не може да држи лекции за минимална плата

Read more

Од понеделник Безбеден град во Охрид

Read more

Потрошени над 340 милиони денари за прославата за 35 години независност, Митева го објави финансискиот извештај

Read more

Бугарија инсистира на гарантирање на правата на Бугарите; Петрова категорична, нема повторно преговарање за обврските на Македонија

Read more

Вести

Прикриеното етничко чистење на христијаните во Либан: Предупредување за Европа

Читај повеќе

Левица: Партијата која ги распродаде фабриките и остави илјадници стечајци не може да држи лекции за минимална плата

Читај повеќе

Од понеделник Безбеден град во Охрид

Читај повеќе

Потрошени над 340 милиони денари за прославата за 35 години независност, Митева го објави финансискиот извештај

Читај повеќе

Бугарија инсистира на гарантирање на правата на Бугарите; Петрова категорична, нема повторно преговарање за обврските на Македонија

Читај повеќе

Холанѓанец на боледување истрчал маратон и добил отказ, судот пресудил во негова корист

Читај повеќе

Ѓорѓиевски: Пристигнаа 3.300 нови контејнери за Скопје, најголема набавка во историјата

Читај повеќе

В недела дел од мостот Близнак ќе биде затворен поради поправка на оградата

Читај повеќе

Градоначалникот Кличко: Денес станува збор за опстанок – оние што можат, треба да го напуштат Киев

Читај повеќе