Бензинот поевтинува за 1,5 денар, дизелот за 2,5 денари, рече Мицкоски

Владата очекува бензините да бидат поевтини за 1,5 денари, а дизелот за 2,5 денари, соопшти денес премиерот Христијан Мицкоски. Пред да ја каже новата цена на горивата, премиерот Мицкоски се извини што се обраќа на празник.

„Се извинувам за моето обраќање во предвечерието на големиот празник, но чувствувам обврска и одговорност да ја запознам јавноста, како Влада, дека континуирано ја следиме состојбата на енергетските пазари и правиме сопствени анализи. Покрај анализите, се разбира, вклучени се и пресметките со цел навремено да ги предвидиме движењата на цените на дизел горивата и бензините. Согласно тие пресметки што ги направивме во текот на вчерашниот ден откога затворија берзите и откога ги анализиравме движењата на цените на нафтата и нафтените деривати на берзите изминатата недела направивме калкулација и пресметка и врз основа на таа калкулација и пресметка очекуваме на следната седница на Регулаторната комисија за енергетика да се донесе одлука со која ќе имаме намалување на цените на дизел горивото односно бензините и тоа евросуепрот од 9 октани и евросуперот 98 да бидат намалени за 1,5 денари, додека дизел горивото да биде намалено за 2,5 денари“, рече премиерот Мицкоски.

Пресметките покажале дека максималната цена на супер горивото од 95 октани треба да биде 82 денари за литар и тука не е вклучен оној попуст од два денари за литар што „Окта“ го одобрува на своите коминтенти,  евросуперот од 98 октани би требало да изнесува 84 денари за литар и тука не се вклучени оние два денари попуст кој што го одобрува „Окта“ за своите партнери. Дизелот кој би требало да се намали за 2,5 денари, би требало да биде 95,5 денари за литар без трите денари што ги одобрува „Окта“

Премиерот Мицкоски кажа дека и следната недела остануваат досегашните мерки односно намалувањето на ДДВ од 18 на 10% и акцизи врз основа на движењето на берзите.

Remote video URL
реклама

Најдосадниот град во светот го контролира целиот интернет

Read more

Со Гвардиола си заминува и Гвардиол: Пет играчи од Сити на излезна врата

Read more

Каде во Европа најмногу се крадат автомобили?

Read more

Направена првата квантна батерија: Авиони и дронови ќе се полнат преку ласери за минута

Read more

Македонија

Сиљановска-Давкова: Наместо Копенхашки реформи, трошиме енергија на политичка ревизија на историјата

Read more

Метеоролозите најавуваат нестабилно време со врнежи и ветер во текот на продолжениот празничен викенд

Read more

Филков за протестите за полагање на правосуден испит: Македонскиот јазик не е пречка, тој е обврска

Read more

Жерновски: Во Куманово собир за поддршка на Вучиќ, од власта молк

Read more
 

Вести

Сиљановска-Давкова: Наместо Копенхашки реформи, трошиме енергија на политичка ревизија на историјата

Читај повеќе

Метеоролозите најавуваат нестабилно време со врнежи и ветер во текот на продолжениот празничен викенд

Читај повеќе
  • play_arrow

Се судрија американски воени авиони во воздух, пилотите преживеаја

Читај повеќе
  • play_arrow

Збирка од 31.000 примероци на монети ковани од злато, сребро и бронза изложени во Археолошкиот музеј

Читај повеќе

Како Европската инвестициска банка ја менува економската мапа на Западен Балкан?

Читај повеќе

Воен авион на НАТО собори украински дрон во Естонија

Читај повеќе

Косовец летал со 203 километри на час кај Смоквица

Читај повеќе

Reuters: Кина тајно обучувала руски војници за на украинскиот фонт

Читај повеќе

Филков за протестите за полагање на правосуден испит: Македонскиот јазик не е пречка, тој е обврска

Читај повеќе