Чад се шири од неколку места во подножјето на Скопска Црна Гора, Ангелов смирува: Нема опасност за куќите во Чучер

Големи облаци чад се шират од неколку места во подножјето на Скопска Црна Гора. Забележливи се и од градските улици во Скопје, но сосема јасно се гледа каде чади од скопската обиколница, посебно од делот кај Волково.

Освен пожарот кој избувна синоќа над магистралниот пат кон Блаце во близина на Скопје, чад се крева од повисоки делови.

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојаче Ангелов, попладневно од Чучер-Сандево испрати видеопорака во која вели дека нема опасност за куќите.

„Се наоѓаме веднаш над селото Чучер кое што е делумно загрозено од пожарот што избувна вчера во попладневните часови, но во овој момент, од она што можам да го видам, нема реална опасност по околните куќи иако има неколку куќи кои се буквално во шума. Благодарение на храбрите локални жители и благодарение на две екипи на скопската Бригада за противпожарна заштита и една екипа на Национални шуми, во овој момент нема опасност за селото и нема потреба за ширење паника. Паниката не ни помага“, рече директорот Ангелов.

Тој се заблагодари на локалното население кое активно се вклучило во гасењето на пожарот покрај пожарникарите. Кажа дека манастирот Св. Никита, за кој на социјалните медиуми се ширеа вести дека е загрозен, е далеку од огнот. Ангелов вели дека дури и да почне да се шири огнот натаму, ќе му требаат неколку часа за да стигне до манастирот, а на терен има и пожарникари и локално население.

„Пред малку беше ужасно, сега моментално е малку смирено. Моментално нема опасност за селото. Опасно беше над манастирот и во регионот каде што се викендиците“, вели локалецот Љубиша Стојковски, кој го гаснел пожарот.

Додека тие зборуваа се слушнаа неколку експлозии за кои Стојковски објасни дека доаѓаат од сртот на планината каде што е забрането да одат луѓе.

Сѐ уште се шири и пожарот кај Блаце кој избувна вчера, а попладнево Министерството за внатрешни работи целосно го сопре сообраќајот во делот од Стенковец кон граничен премин Блаце и го затвори граничниот премин.

реклама

Без тенкови на Црвениот плоштад: Поинаква Парада на победата во Москва

Read more

Ќотекот се враќа како дисциплинска мерка во училиштата во една од најбогатите земји

Read more

Изненадување во екот на трката за титулата: Сити го менува името на стадионот

Read more

Среќен 100-ти роденден, сер Дејвид Атeнборо!

Read more

Македонија

ЗНМ: Јавните институции мора да обезбедат еднаков пристап за сите медиуми

Read more

Времето денеска ќе биде променливо облачно со локален пороен дожд и грмежи

Read more

Мисајловски: Како НАТО членка нашата амбиција е да бидеме уште поактивно вклучени во европските одбранбени иницијативи

Read more

Претседателката порача: „Генералка Викенд“ треба да стане генералка 365 дена

Read more
 

Вести

  • play_arrow

Без тенкови на Црвениот плоштад: Поинаква Парада на победата во Москва

Читај повеќе

Хаос на уште еден крузер: Над 100 патници и членови на екипажот заразени со норовирус

Читај повеќе

Пентагон објави голем пакет досега невидени документи за НЛО

Читај повеќе

ЗНМ: Јавните институции мора да обезбедат еднаков пристап за сите медиуми

Читај повеќе

Трамп: Русија и Украина договорија тридневно примирје, oва е почеток на крајот на војната

Читај повеќе
  • play_arrow

Во живо од парадата во Москва по повод Денот на победата над фашизмот

Читај повеќе

Економската цена на војната: Граѓаните ги трошат заштедите за да ги покријат зголемените трошоци

Читај повеќе

СЗО: Досега потврдени 6 случаи на хантавирус, уште два се веројатни

Читај повеќе

Времето денеска ќе биде променливо облачно со локален пороен дожд и грмежи

Читај повеќе