Дали Апасиев купил деловен простор во Центар за 721 еврo за метар квадратен?

Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ, го обвини Димитар Апасиев дека купил деловен простор во Центар за 721 евра м2. Тој обвини и дека се крие договор под маса меѓу Апасиев, извршителот и банката за купување на деловниот простор во строгиот центар на Скопје.

„Апасиев да каже како купил деловен простор во строг Центар на Скопје за 721 евра за м2. Пропаднатиот аскет во обид, Апасиев е целосно демаскиран. Тој на 26.11.2024 година преку Левица купил 409м² деловен простор во строгиот центар на Скопје, зад седиштето на компанијата А1, по цена и до три пати пониска од пазарната. Левица на Апасиев за м² платила 721 евро, во услови кога м² не може да се купи под 2000 евра. Дополнително, овој имот Левица го купува преку извршител, што значи истиот е одземен од некој граѓанин или од фирма“, тврди Манасиевски.

Според него, се поставува логичното прашање, како извршителот не можел да постигне цена на објект во строг центар на Скопје, анимирал ли доволно потенцијални купувачи или целиот процес го водел многу тивко?

Манасиевски прашува дали се крие договор под маса помеѓу извршителот – Апасиев и доверителот?

„Доверителот во овој случај е УНИ банка, со бугарски капитал. Се поставува прашањето како банката дозволила и не анимирала свои клиенти за наддавањето? Особено кога се зема во предвид дека во банките се даваат кредити за слични објекти и станови на граѓани во градба кога м² се проценува и над 2000 евра? Која е економската логика на банката тука? Дали зад ова купување се крие нешто повеќе и што“, праша Манасиевски и ги повика надлежните институции да истражат.

Remote video URL
Левица со демант до ВМРО-ДПМНЕ: Цената на квадратот е дефинирана со деловни преговори

Левица ги демантира, како што велат, паушалните обвинувања на премиерот Мицкоски и неговата криминогена партија, кои во обид да го амортизираат нивното катастрофално работење, шират невистини и спинови за единствената легитимна опозиција Левица.

Ваквата реакција доаѓа откако Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ, го обвини Димитар Апасиев дека купил деловен простор во Центар за 721 евро за м2.

„Покрај обидот на Мицкоски да направи сензација од непостоечка тема, мислејќи дека ареолот на криминал кој тие го имаат воспоставено во политиката во однос на нивната Бела палата, ќе се преслика на другите политички партии – ја информираме јавноста дека Левица преку хипотекарен кредит ги обезбеди своите први простории откако постои, како централа за сите политички активности на Партијата. Односно, купените простории се под залог. Цената на квадратот, како и во сите случаи на купопродажба, е дефинирана со деловни преговори помеѓу продавачот и купувачот. Се работи за подрумски простории, кои се во руинирана состојба. Со спомнуваната банка Левица нема никаква деловна соработка, освен како продавач на овој имот кој бил под стечај веќе две години и пропаѓал“, велат од партијата.

Од Левица додаваат дека документите за купопродажба се јавно достапни во Катастарот на недвижности, иако, како што велат, премиерот на собраниската говорница мафташе со документи како да се службена тајна. „Имено, кога станува збор за тајни документи, нам како опозиција повеќе не’ загрижува вмешаноста на високите владини функционери во излевањето на државни тајни кон картели преку своето обезбедување“, се наведува во демантот од Левица.

реклама

Македонија

СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ се препираат: Чија заслуга е реконструираниот регионален пат од Охрид до Св. Наум?

Read more

За двајца поранешни министри запрена постапката за трагедијата во Кочани

Read more

Владата блокира уште 173 интернет-страници за онлајн-коцкање, информира Меџити

Read more

Нови детали од истрагата за пожарот во „Пулс“

Read more
 

Вести

Кои земји имаат најмногу боеви глави во 2025 година?

Читај повеќе
  • filter

13 јуни 1943, загинал македонскиот поет Кочо Рацин

Читај повеќе
  • play_arrow

Втор бран израелски напади, „обезглавено“ иранското воено раководство

Читај повеќе
  • filter

„Чиста петка“ од прилепската публика за „Слепци“ на Турски театар  - Скопје

Читај повеќе

СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ се препираат: Чија заслуга е реконструираниот регионален пат од Охрид до Св. Наум?

Читај повеќе

За двајца поранешни министри запрена постапката за трагедијата во Кочани

Читај повеќе
  • play_arrow

Објавени снимки од експлозиите во нуклеарниот комплекс на Иран

Читај повеќе

Владата блокира уште 173 интернет-страници за онлајн-коцкање, информира Меџити

Читај повеќе

Нови детали од истрагата за пожарот во „Пулс“

Читај повеќе