Данела Aрсовска се огласи за апсењата во „Комунална хигиена“

Директорот на Комунална хигиена Скопје е пуштен неколку часа откако беше приведен во станица, не е виновен за ништо, работата ја вршел чесно и совесно, напиша на социјалните мрежи градоначалничката Данела Арсовска.

„Оваа информација пристигна откако по неколку часа убедување во полициска станица, директорот на Комунална хигиена им кажал дека во срцето и душата е ВЛЕН, уште додека бил во станица му донеле да потпише изјава за членство по што е пуштен да си продолжи со успешната работа во претпријатието.

Во меѓувреме Мицковски и МВРО упорно бараат некој од ДУИ да го апсат како што ветија, тргнаа по Изет Меџити од ДУИ, па откако стана ВЛЕН си го земаа во коалиција“, напиша Арсовска на социјалните мрежи.

🛑НАЈНОВА ВЕСТ: Директорот на Комунална хигиена Скопје е пуштен, не е виновен за ништо, работата ја вршел чесно и...

Posted by Danela Arsovska on Monday, October 27, 2025

За апсењата во Комунална таа и претходно се огласи на „Фејсбук“. Напиша дека претседателката на Управен одбор Јулијана Спировска, нема да ја апсат „бидејќи има албум со сликички со сите функционери на ВМРО“.

„Јулијана која ја управува Комунална Хигиена Скопје е осуден криминалец во 2022 година со казна затвор за убиство и осуден криминалец во 2006 за нанесување тешки телесни повреди. Јулијана во КХС ги команда другите членови на Управен одбор од ВМРО и ВЛЕН, кои се поставени од Советот на град Скопје од ВМРО и ВЛЕН.Јулијана 3 години опструира нови камиони, инвестициска програма, вработените кои 5 години ги чистат улиците не можат да земат решение за работа поради нејзините сопартијци од ВМРО и ВЛЕН во Советот. Јулијана по наредба на ВМРО континуирано со години прави опструкции додека градот не се удави во смет. И сега директоров им е крив кој не можел да набави 35 нови камиони бидејќи тоа Јулијана го одложила за да ги набави Орце“, напиша Арсовска.

😂 Мицковистичкиот режим и МВРО да сее страв пред втор круг избори го привело директорот на Комунална Хигиена, за хаосот...

Posted by Danela Arsovska on Monday, October 27, 2025
реклама

Македонија

Гаши формираше Совет на поранешни претседатели на Собранието

Read more

Левица: Коцкарниците на народот му ја земаат платата, брзите кредити иднината – 1,6 милијарди евра завршиле во коцкарската индустрија

Read more

Мицкоски: Фон дер Лајен ја оцени како инспиративна работата на Владата во реформите и патот за ЕУ

Read more

Од полноќ нови цени на горивата

Read more

Вести

  • filter

Поранешниот симбол на Триглав е пред исчезнување: Последниот глечер во Словенија речиси исчезна

Читај повеќе

Гаши формираше Совет на поранешни претседатели на Собранието

Читај повеќе

Нови пронајдоци на локалитетот Расница: Откриено богато војничко погребување од VI век

Читај повеќе

Оперативна акција Чистач: 5.628 уапсени и 1.158 претреси во борбата против насилниот криминал, трговијата со дрога и прекуграничниот криминал

Читај повеќе

Левица: Коцкарниците на народот му ја земаат платата, брзите кредити иднината – 1,6 милијарди евра завршиле во коцкарската индустрија

Читај повеќе

BALFIN Group – над 52 милиони евра платени даноци во првите 6 месеци од 2026 година

Читај повеќе

ЕУ даде зелено светло за центри за депортација во трети земји: Како тоа ќе изгледа во пракса?

Читај повеќе

Мицкоски: Фон дер Лајен ја оцени како инспиративна работата на Владата во реформите и патот за ЕУ

Читај повеќе

Од полноќ нови цени на горивата

Читај повеќе