Даниловски за мајмунските сипаници: Болеста не се пренесува лесно, претпазливост, но не и паника

Откако Институтот за јавно здравје вчера потврди два случаја на мајмунски сипаници (Monkeypox) во Македонија, епидемиологот Драган Даниловски на социјалните мрежи објаснува за какво заболување станува збор.

„Мајмунските сипаници се вирусна болест предизвикана од monkeypox вирусот, кој припаѓа на истото семејство како и вирусот на големите сипаници (variola vera). Симптомите обично вклучуваат: треска, главоболка, болки во мускулите и грбот, зголемени лимфни жлезди, исцрпеност, кожен осип кој може да се појави на лицето, рацете, стапалата, гениталната област или други делови од телото. Инкубациониот период е обично од 6 до 13 дена, но може да варира од 5 до 21 ден. Болеста трае од 2 до 4 недели и во повеќето случаи се повлекува без потреба од специфичен третман. Сепак, кај лица со ослабен имунитет, деца и бремени жени, може да се развијат посериозни компликации“.

Даниловски објаснува како се пренесува болеста.

„Директен контакт со кожни лезии или телесни течности на заразено лице; Близок физички контакт, вклучувајќи сексуален однос; Контакт со контаминирани предмети како облека, постелнина или прибор; Респираторни капки при продолжен близок контакт лице в лице“.

Важно е, како што напоменува, дека болеста не се пренесува лесно.

„Потребен е близок, продолжен контакт“.

Според него, ризикот за епидемија е многу низок, а состојбата се следи од здравствените власти.

Даниловски советува и што да направите за сопствена заштита.

„Одржувајте хигиена (миење раце со сапун и вода); Избегнувајте близок контакт со симптоматски лица и споделување на лични предмети; Консултирајте лекар при сомнителен осип. Информирајте се од релевантни извори – не од гласини“.

Мајмунските сипаници, како што вели, не се нова, ниту неконтролирана закана. Ситуацијата, според него, бара информираност и претпазливост, но не и паника.

Од Институтот за јавно здравје најавија дека ќе продолжат да ја следат состојбата.

„Во моментов нема простор за паника, бидејќи брзо и навремено институционално се преземаат сите потребни мерки. Вечерва се мобилизирани сите институционални капацитети за надминување на
последиците од ваквата појава и се преземаат сите превентивни мерки“, беше нагласено во официјалната информација од ИЈЗ.

Тие најавија подетални информации во текот на денешниот ден.

реклама

Кина ги проби границите на фузијата: Вештачкото сонце го доближува човештвото до неисцрпна чиста енергија

Read more

Кинезите открија како најефикасно да извлекуваат злато од електронски отпад

Read more

Список на уреди што ќе станат небезбедни за употреба во 2026 година

Read more

Најглупавите мегапроекти во светот

Read more

Македонија

Лидерска средба за техничката влада, СДСМ одби да учествува

Read more

Без струја денеска делови од Центар и Аеродром

Read more

Сончево време со температури до 10°C

Read more

Наташа Бошкова, Јордан Апостолски и Сашо Георгиевски кандидати за судии во Европскиот суд за човекови права

Read more
 

Вести

Џабе царините на Трамп – кинескиот извоз руши рекорди

Читај повеќе

Charlie Hebdo на удар поради карикатура за пожарот во Швајцарија

Читај повеќе

Франција ќе отвори конзулат во Гренланд

Читај повеќе

Истраги за два случаи на сексуално насилство врз деца во Кавадарци

Читај повеќе

Лидерска средба за техничката влада, СДСМ одби да учествува

Читај повеќе

Без струја денеска делови од Центар и Аеродром

Читај повеќе

Сончево време со температури до 10°C

Читај повеќе

Русија: Нема да се откажеме од венецуелската нафта

Читај повеќе

Бил и Хилари Клинтон одбија да сведочат за Епстин пред Конгресот

Читај повеќе