Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведување на водоводен приклучок ф-80мм на улицата Ѓорѓи Абаџиев 17, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица, општина Центар. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 9 часот до завршување со работните активности.
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска, во периодот од 9 до 16 часот, дел од корисниците од село Кучково, општина Ѓорче Петров ќе останат без електрична енергија.