ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2025

Димитриевски до Филипче: Избери време, место и новинари, донеси и публика, излези да се соочиме, јас ќе дојдам сам

Лидерот на Движењето ЗНАМ – за наша Македонија, Максим Димитриевски, денеска возврати на синоќешната изјава на лидерот на опозицијата Венко Филипче.

„Првиот соработник на министерот за смрт во владата на Груевски од позиција на самопрогласен лидер на СДСМ обвинува за соработка. Човек кој во себе нема никакви социјалдемократски вредности, бидејќи времето го поминува во луксуз, раскош на јахти и во скапи автомобили.

Во континуитет поддржан од неговиот политички гуру – Зоран Заев, не може да биде човек што ќе ја претствува социјалдемократијата. Истиот ниту знае со колкав имот располага, ниту може самиот становите да си ги преброи, па оставам на јавноста да процени дали тој е вистински социјалдемократ“, изјави Димитриевски.

За жал, рече тој, една некогаш државотворна партија каква што беше СДСМ денес се сведува под 100 илјади гласови и неа секојденвно ја напуштаат сите нејзини вистински членови и се придружуваат на ЗНАМ, бидејќи препознаваат дека нашето Движење е политичка партија која се создаде од обичните луѓе и ги држи крушевските и асномските идеали.

„Бидејќи колку што гледам, неговото време поминува, претежно во Дубаи, ќе треба да даде објаснување за многу отворени прашања. На пример, како се добива златна виза и дополнително за сите инвестиции со кои средства се прават и пласираат таму. Бидејќи за да добиеш таква виза првенствено треба да бидеш инвеститор. Како тоа еден човек, во овој случај со докторска плата, поседува толкав имот“, потенцираше Димитриевски и дополни:

„Јас и денеска ќе повторам. Нека избере и време и место, нека избере новинари, дури и оние апологети што му се на платен список и нека се одважи да дојде на ТВ дуел пред лицето на јавноста да ги соочиме аргументите и фактите. Па да видиме кој е подизведувач. Ете Венко, одважи се и излези да се соочиме, верувам дека ќе смогнеш храброст, ако сакаш поведи и публика со себе. Јас ќе дојдам сам“.

Remote video URL
реклама

Директорот на Алсат, Лирим Хајредини, пронајден мртов со повреди на телото

Read more

Кои се најдобрите половни автомобили до 3.000 евра? 

Read more

Како сами да отстраните мали гребнатини од автомобилот без да ја оштетите бојата?

Read more

ФБИ го пратиле во џамија да шпионира, верниците го пријавиле во ФБИ за екстремен фанатизам

Read more

Македонија

МВР: 13 лица повикани во полиција за споделување информации за водата во Скопје, ниту еден од нив не кажал веродостоен извор

Read more

Итна дезинсекција во Општина Гази Баба поради бројот на случаи со западнонилска треска

Read more

Побарано продолжување на куќниот притвор за Артан Груби

Read more

Скопски „Водовод“ пријави во полиција две лица кои ја кренале паниката за ешерихија коли во градскиот водовод

Read more

Вести

Унгарија деноноќно гради брана на Дунав за ладење на нуклеарна централа

Читај повеќе

МВР: 13 лица повикани во полиција за споделување информации за водата во Скопје, ниту еден од нив не кажал веродостоен извор

Читај повеќе
  • play_arrow

Дел од фабрика за муниција во Италија летна во воздух

Читај повеќе

Итна дезинсекција во Општина Гази Баба поради бројот на случаи со западнонилска треска

Читај повеќе

Рама: Албанија е доволно зрела, нема да ја казни Украина

Читај повеќе
  • play_arrow

Експлозија во најголемото европско пристаниште: Еден мртов, неколку повредени

Читај повеќе

Побарано продолжување на куќниот притвор за Артан Груби

Читај повеќе

Скопски „Водовод“ пријави во полиција две лица кои ја кренале паниката за ешерихија коли во градскиот водовод

Читај повеќе

Инфлацијата во Шпанија достигна 3,6%, највисока во последните две години

Читај повеќе