ДУИ: Чаир не смее да се врати во рацете на човекот кој за 20 години ја претвори општината во приватна фирма за лично богатење

Чаир не смее да се врати во рацете на човекот кој за 20 години ја претвори општината во приватна фирма за лично богатење. Граѓаните на Чаир добро знаат кој е Изет Меџити и неговиот послушник Висар Ганиу. Знаат дека за време на нивните мандати општината стана синоним за криминал, корупција и целосен хаос, обвинија од ДУИ.

„Знаат дека наместо да живее меѓу луѓето за кои наводно се грижи, тој удобно живее во Бутел, а Чаир го гледа само како поле за лични бизниси и брзи пари.

Меџити треба да одговори колку милиони евра влегле во нивните џебови од оваа корупција со градењето на диво?

И дали со тие пари Меџити планира да се обиде да прави поткуп за изборите, што секако нема да го спаси.

Меџити на овие избори не се бори за Чаир и граѓаните туку за својот сопствен бизнис интерес.

Ако имаше интерес за граѓаните, во изминатите 20 години ќе направеше нешто.

За време на неговото владеење, од дивоградби и сомнителни легализации криминално беа украдени 225 милиони евра.

Ниту еден голем инфраструктурен проект, ниту едно трајно решение за проблемите на граѓаните – само згради, бизниси и договори за неговата мрежа на луѓе.

Затоа Меџити знае дека нема поддршка од Албанците и мора понижено да ја бара раката на Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ.

Седнат во скутот на Мицкоски, се надева дека со платената пропаганда на вмровските портали ќе го спасат од пораз.

Но, Чаир не заборава, а чаирчани нема да дозоволат со парите стекнати преку криминал Изет да го поништи нивниот глас. Ни со украдените милиони нема да ја избрише вистината за неговите 20 години уништување на општината.

Граѓаните на Чаир заслужуваат да живеат во општина без хаос, без корупција и без луѓе кои ја гледаат општината само како банкомат за лични интереси. На 19 октомври, време е за крај на ерата на дивоградби, криминал и уцени“, се наведува во соопштението.

реклама

Како да спречите оштетување на бојата на автомобилот од птичји измет?

Read more

Како би изгледала табелата во Премиер лигата да немаше ВАР?

Read more

Колку ќе ослабете ако се откажете од јадење леб?

Read more

Неделен хороскоп од 11 до 17 мај: Што му носи на вашиот знак?

Read more

Македонија

Утре попладне локален пороен дожд со силен ветер, температурите до 31 степен

Read more

Општина Аеродром: Казна од 20.000 евра за незаконско фрлање отпад – нема толеранција!

Read more

Намалување на цените на горивата, дизелот поевтинува најмногу

Read more

ГРОМ: Лукровски дигнал раце од општината, јавна тајна е дека веќе два пати поднесувал оставка

Read more
 

Вести

CNN: Путин навестува крај на војната во Украина, зошто сега?

Читај повеќе

Трамп: Имав договор со Иран четири или пет пати, потоа тие се предомислија

Читај повеќе

Цените на нафтата сè уште над 100 долари

Читај повеќе

Утре попладне локален пороен дожд со силен ветер, температурите до 31 степен

Читај повеќе

Општина Аеродром: Казна од 20.000 евра за незаконско фрлање отпад – нема толеранција!

Читај повеќе

Шпанија: Не можеме секое утро да се будиме прашувајќи се што следно ќе направат САД

Читај повеќе

Намалување на цените на горивата, дизелот поевтинува најмногу

Читај повеќе

Како поранешен полски министер избега од Унгарија во САД без пасош?

Читај повеќе
  • play_arrow

Пентагон ги отвори архивите: Што навистина откриваат документите на Трамп за НЛО?

Читај повеќе