ДУИ до Мицкоски: Ако целта е уривање на Охридскиот договор, која е алтернативата?

Премиерот Мицкоски, со своето однесување, изјави и постапки, постапува на начин кој ги поткопува стандардите и одговорноста што се очекуваат од еден државен лидер, реагираат од ДУИ.

„Однесување што можеби би му се толерирало на претседател на партиска општинска организација, но никако на премиер на мултиетничка држава.

Тој урива сè што е градено со труд и посветеност со години – меѓуетничките односи, довербата меѓу граѓаните, лојалноста и чувството на заедништво во оваа држава.

Со напаѓање на клучните столбови на Охридскиот мировен договор – јазикот, балансерот, правичната застапеност, легитимитетот и Инспекторатот за употреба на јазиците – тој го доведува во прашање унитарниот и интегративен карактер на државата“, велат од ДУИ.

Прашуваат, ако целта е уривање на Охридскиот договор – која е алтернативата?

„Зашто во политиката нема вакуум. Ако толку жестоко се спротивставувате на договорот што донесе мир, интеграција, децентрализација и зачувување на унитарноста, тогаш мора отворено да кажете што нудите на негово место“.

Граѓаните, додаваат од ДУИ прашуваат, и сè повеќе се загрижени.

„Ако има намерна промена на државниот курс, тогаш време е за отворена и искрена дебата за тоа која е алтернативата на Охридскиот договор.

Бидејќи ние не можеме бесконечно да ја носиме одговорноста за неговата неодговорност“, посочуваат во реакцијата од партијата на Ахмети.

реклама

Директорот на Алсат, Лирим Хајредини, пронајден мртов со повреди на телото

Read more

Кои се најдобрите половни автомобили до 3.000 евра? 

Read more

Како сами да отстраните мали гребнатини од автомобилот без да ја оштетите бојата?

Read more

ФБИ го пратиле во џамија да шпионира, верниците го пријавиле во ФБИ за екстремен фанатизам

Read more

Македонија

МВР: 13 лица повикани во полиција за споделување информации за водата во Скопје, ниту еден од нив не кажал веродостоен извор

Read more

Итна дезинсекција во Општина Гази Баба поради бројот на случаи со западнонилска треска

Read more

Побарано продолжување на куќниот притвор за Артан Груби

Read more

Скопски „Водовод“ пријави во полиција две лица кои ја кренале паниката за ешерихија коли во градскиот водовод

Read more

Вести

Унгарија деноноќно гради брана на Дунав за ладење на нуклеарна централа

Читај повеќе

МВР: 13 лица повикани во полиција за споделување информации за водата во Скопје, ниту еден од нив не кажал веродостоен извор

Читај повеќе
  • play_arrow

Дел од фабрика за муниција во Италија летна во воздух

Читај повеќе

Итна дезинсекција во Општина Гази Баба поради бројот на случаи со западнонилска треска

Читај повеќе

Рама: Албанија е доволно зрела, нема да ја казни Украина

Читај повеќе
  • play_arrow

Експлозија во најголемото европско пристаниште: Еден мртов, неколку повредени

Читај повеќе

Побарано продолжување на куќниот притвор за Артан Груби

Читај повеќе

Скопски „Водовод“ пријави во полиција две лица кои ја кренале паниката за ешерихија коли во градскиот водовод

Читај повеќе

Инфлацијата во Шпанија достигна 3,6%, највисока во последните две години

Читај повеќе