ДУИ ги соопшти имињата за градоначалници и во Тетово и Желино, за Гостивар ќе чека предлог од Таравари, а за Струга од Села

Претседателот на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Али Ахмети, свика редовна седница на Централното претседателство на партијата, на која беа разгледани актуелните политички случувања во земјата и подготовките за претстојните локални избори.

Централното претседателство едногласно го именува Фатон Ахмети, генерален секретар на ДУИ, за шеф на Централниот изборен штаб.

Исто така, со целосен консензус беа потврдени кандидатите кои ќе се натпреваруваат за градоначалници и носители на советнички листи во повеќе општини:

Kaко што претходно беше соопштено, во Општина Чаир кандидат за градоначалник ќе биде Бујар Османи, потпретседател на ДУИ и ексминистер за надворешни работи.

Во Општина Тетово, кандидат ќе биде Бајрам Реџепи, потпретседател на ДУИ.

Во Општина Желино, кандидат ќе биде Гемир Сулејмани, претседател на општинската организација на ДУИ.

Во Општина Гостивар, носител на советничката листа ќе биде Валдет Џафери, претседател на огранокот на ДУИ. Во Општина Струга, носител на советничката листа ќе биде Фатон Пололжани, претседател на огранокот на ДУИ.

Во наредните денови, по завршување на внатрепартиските и коалициските консултации, ќе бидат потврдени дополнителни кандидати за останатите општини.

Од Алијансата за Албанците, преку Зијадин Села, се очекуваат предлози за кандидати за градоначалници во општините Струга, Арачиново и Дебар, а од Арбен Таравари – за Гостивар, Врапчиште, Теарце и Сарај.

Од ДУИ велат дека остануваат посветени на фер, инклузивен и програмски силен изборен процес, а граѓаните се повикуваат како на референдум да ја потврдат следната победа на локалните избори.

реклама

Како да спречите оштетување на бојата на автомобилот од птичји измет?

Read more

Како би изгледала табелата во Премиер лигата да немаше ВАР?

Read more

Колку ќе ослабете ако се откажете од јадење леб?

Read more

Неделен хороскоп од 11 до 17 мај: Што му носи на вашиот знак?

Read more

Македонија

Утре попладне локален пороен дожд со силен ветер, температурите до 31 степен

Read more

Општина Аеродром: Казна од 20.000 евра за незаконско фрлање отпад – нема толеранција!

Read more

Намалување на цените на горивата, дизелот поевтинува најмногу

Read more

ГРОМ: Лукровски дигнал раце од општината, јавна тајна е дека веќе два пати поднесувал оставка

Read more
 

Вести

CNN: Путин навестува крај на војната во Украина, зошто сега?

Читај повеќе

Трамп: Имав договор со Иран четири или пет пати, потоа тие се предомислија

Читај повеќе

Цените на нафтата сè уште над 100 долари

Читај повеќе

Утре попладне локален пороен дожд со силен ветер, температурите до 31 степен

Читај повеќе

Општина Аеродром: Казна од 20.000 евра за незаконско фрлање отпад – нема толеранција!

Читај повеќе

Шпанија: Не можеме секое утро да се будиме прашувајќи се што следно ќе направат САД

Читај повеќе

Намалување на цените на горивата, дизелот поевтинува најмногу

Читај повеќе

Како поранешен полски министер избега од Унгарија во САД без пасош?

Читај повеќе
  • play_arrow

Пентагон ги отвори архивите: Што навистина откриваат документите на Трамп за НЛО?

Читај повеќе