Два земјотреса со епицентар во подрачјето Пештани-Охрид-Струга беа регистрирани рано утринава од страна на Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.
Според податоците од Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, првиот земјотрес се случил во 5 часот и 7 минути, со магнитуда од 3,4 степени според Рихтеровата скала, а вториот 9 минути подоцна, во 5:16 часот, со магнитуда од 2,3 степени.
Епицентрите на двата земјотреса се наоѓаат на околу 100 километри југозападно од Скопје, во регионот меѓу Пештани, Охрид и Струга.
Земјотресот во 5:07 часот бил почувствуван од населението во Охрид, Струга и блиската околина, со интензитет од IV степени според Европската макросеизмичка скала. Засега нема пријави за материјални штети или повредени лица.
🔔#Earthquake (#земјотрес) M3.3 occurred 9 km NW of #Ohrid (Republic of North Macedonia) 2 min ago (local time 05:07:36). More info at:
— EMSC (@LastQuake) May 18, 2025
📱https://t.co/QMSpuj6Z2H
🌐https://t.co/3NWqvtePzK
🖥https://t.co/1UGTtRoPpI pic.twitter.com/nzwauwVROC