ЕВН не смее да биде над законите: Левица бара одговорност за пожарите предизвикани од електричната мрежа

Кој го предизвикал пожарот – подметнувач или електричен вод – мора да сноси одговорност, порача Левица, барајќи темелна истрага за пожарот кај Рамни Габер во Студеничани, за кој според првичните информации бил предизвикан од искра од кабел на дистрибутивната мрежа.

Од партијата велат дека доколку се потврди дека пожарот настанал поради електроенергетската инфраструктура, истрагата не смее да заврши само со утврдување на причината, туку мора да се утврди и дали пожарот можел да биде спречен.

„Мрежните правила наложуваат операторот да има организирано одржување на системот, а за надземните водови изречно предвидуваат прегледи, контроли, испитувања и ревизии, како и поправки, отстранување недостатоци и отклонување дефекти. На граѓаните тоа им се фактурира. Каблите не се оставаат да висат над Македонија, туку нивната состојба треба да се следи, а ризиците да се отстрануваат пред искрата да стане пожар“, велат од Левица.

Оттаму посочуваат дека особено во летниот период, кога високите температури влијаат врз провисувањето на надземните проводници, контролата на критичните распони, растојанијата, вегетацијата и механичката состојба на мрежата претставува основна превенција од пожари.

Во соопштението се критикува и работењето на ЕВН, при што од Левица велат дека компанијата со години работи во „ултрапривилегирана положба“ на дистрибутивниот пазар, додека граѓаните ја чувствуваат нејзината ефикасност кога треба да се наплати долг, да се пресмета камата или да се исклучи корисник.

„Редно е да ја видиме истата ефикасност и кога треба да се отвори нивното досие за одржување. Не може државата и органите на прогон да се помрднат само при можност за подметнат пожар, а за моќен енергетски субјект истата таква искра да биде заведена како временска неприлика и сите да си одат дома“, наведуваат од Левица.

Од партијата бараат секој пожар за кој постојат индиции дека потекнува од електродистрибутивната мрежа да биде предмет на темелна техничка и правна истрага. Треба да се утврдат точниот вод, сопственоста, техничката состојба, датумите и записниците од последните контроли, пријавените дефекти и преземените интервенции.

„Ако се утврди дека пожар настанал поради пропуштено одржување, ненавремено отстранет дефект или друг пропуст – мора да се испита и кривичната и материјалната одговорност. ЕВН не смее да биде над законите. Доста е со третманот на недопирливост. Кој наплаќа за мрежата – мора да одговара и за мрежата. Кој го зема профитот – мора да го сноси и ризикот“, додаваат од Левица.

Тагови
реклама

Разбиена озлогласената „Дубаи Банка“ што переше пари за нарко-картели 

Read more

Винисиус го покажа на дело новото правило во ЛШ

Read more

Млада Месечина во Девица на 11 септември: Големо ресетирање за секој хороскопски знак

Read more

22-годишната Зејнеп е новиот тренер на машката екипа на Тургутлуспор

Read more

Македонија

Утре сончево и топло, попладне со услови за дожд, грмежи и засилен ветер

Read more

Сексуалното образование оди на ревизија

Read more

Мицкоски не кажа колку пари е настапот на Давид Гета оти и граѓаните и буџетот настаните ги чинат 0 денари, сè платиле компании

Read more

Само 32% од учениците го достигнале основното ниво по математика, Јаневска: Резултатите се многу лоши

Read more

Вести

ЕУ ги менува правилата за јавни набавки: Најевтината понуда повеќе нема да биде пресудна

Читај повеќе

Црна Гора бара полноправно членство во ЕУ: Не прифаќаме статус на членка од втор ред

Читај повеќе

Германија ќе му доставува на Киев податоци за Украинците способни за воена служба

Читај повеќе

Утре сончево и топло, попладне со услови за дожд, грмежи и засилен ветер

Читај повеќе

Боите на слободата во Музеј на Македонија

Читај повеќе

Сексуалното образование оди на ревизија

Читај повеќе

Мицкоски не кажа колку пари е настапот на Давид Гета оти и граѓаните и буџетот настаните ги чинат 0 денари, сè платиле компании

Читај повеќе

Американската војска уништи 5 ирански танкери, Техеран веднаш возврати

Читај повеќе

Само 32% од учениците го достигнале основното ниво по математика, Јаневска: Резултатите се многу лоши

Читај повеќе