Филипче: Жалам што дел од партиите легитимираа корумпирана и изолирана власт на лидерска средба

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, одговарајќи на новинарско прашање, истакна дека разговорите со Али Ахмети биле во врска со локалната самоуправа во Гостивар.

„Со Али Ахмети прво разговаравме во врска со локалната самоуправа во Гостивар. Таму заеднички го поддржавме кандидатот од Алијанса. Градот има сериозни проблеми, граѓаните имаат соодветни потреби, реорганизација во однос на тоа како ќе се постави градоначалникот сега откако оваа наша поддршка му донесе и на него победа“, изјави Филипче.

Филипче, потенцираше дека нема никаква коалиција и изрази жалење што дел од политичките партии со тоа што отидоа на лидерската средба, летигимираа една власт која, како што кажа, е навлезена во корупција и ја држат земјата во изолација.

„Јас кажав во неколку наврати, жалам што партиите коишто отидоа таму легитимираат за една ваква власт, навлезена длабоко во корупција, којшто ја држат земјата во изолација и на некој начин во медиумски мрак благодарение на кампањите со лажни вести коишто ги прават преку своите медиуми. Мислам дека ниту една политичка партија не треба да даде поддршка на ваква власт, затоа што со оваа власт тендерска коалиција на ДПМНЕ и ЗНАМ, Македонија нема иднина“, рече Филипче.

Лидерот на СДСМ обвини дека владата спиела две години и ништо не исполниле од реформската агенда.

„Имаа можност, 12 закони требаше да се донесат во 2025 година. Се донесе само еден на крајот на годината и тоа парцијално донесен, без сите препораки од Европската Унија, што е доказ дека тие само сакаат нешто да направат, евентуална реформа, колку да се каже дека нешто се работи од временската агенда, но не вистински да се реформира, посебно овој дел, во делот на правосудството, каде што граѓаните навистина очекуваат нешто вистински, позитивно да се случи“, рече Филипче.

Додаде дека владата на ВМРО-ДПМНЕ нема направено ниту еден чекор за почеток на преговорите со ЕУ.

„Значи, оваа влада, освен што по пола мандат, којшто веќе е поминат од четирите години од мандатот на Владата, не направи ништо со реформите, не направи ништо ниту пак со уставните измени за да ние почнеме вистинските преговори и отворањето на кластерите и поглавјата со Европската Унија“, рече Филипче.

Притоа, укажа дека во новиот извештај којшто е стигнат и најавата за работата на новото кипарско претседателство не е спомната Македонија.

„Се спомнува кратењето на фондовите од Европа, поради тоа што е владата ваква каква што е. Премиерот кажува реформска агенда. Сега требаше многу работи да се случат, за жал, разоткриени се. Ние ќе поддржиме сè што треба да се поддржи за да земјата тргне напред“, нагласи Филипче.

Remote video URL
реклама

Кои се најдобрите половни автомобили до 3.000 евра? 

Read more

Фрапантно: Директорка на основно во Прилеп сече јавори оти ѝ сметале паднатите лисја

Read more

Дел од фабрика за муниција во Италија летна во воздух

Read more

Свинско со зеленчук во фолија: Месото ќе се распадне под вилушката

Read more

Македонија

Водата во Гостивар од денеска е безбедна за пиење, рече Ангелов и се напи од уличната чешма

Read more

Министерството објави броеви за македонските граѓани кои се во Грција и имаат потреба од помош

Read more

Без струја делови од Илинден, Сопиште, Кисела Вода и Гази Баба

Read more

МВР: 13 лица повикани во полиција за споделување информации за водата во Скопје, ниту еден од нив не кажал веродостоен извор

Read more

Вести

Водата во Гостивар од денеска е безбедна за пиење, рече Ангелов и се напи од уличната чешма

Читај повеќе

Москва го обвинува Вашингтон за вмешаност во нападите длабоко на руска територија

Читај повеќе
  • play_arrow

Бегале од огнот в море: Спасени 200 лица во страшниот пожар во Хрватска, меѓу нив и деца

Читај повеќе

Министерството објави броеви за македонските граѓани кои се во Грција и имаат потреба од помош

Читај повеќе

Загина 19-годишна девојка во сообраќајка кај Струмица, уапсен возач кој возел пијан

Читај повеќе

Центар ќе биде домаќин на првиот општински полумаратон Centar Night Run

Читај повеќе

НАТО собори дрон што навлезе во воздушниот простор на Латвија

Читај повеќе
  • play_arrow

Голем пожар во Хрватска: 36 повредени, 14 хоспитализирани, 7 се борат за живот

Читај повеќе

Остатоци од птици пронајдени во моторот во авионот по несреќата со српскиот патник кој излета од прозор

Читај повеќе