ФЗОМ ги намали цените за ХПВ и ликвид ПАП тестовите: Попристапен скрининг за рак на грлото на матката

Фондот за здравствено осигурување на Македонија (ФЗОМ) донесе одлука за значајно намалување на референтните цени на две клучни дијагностички услуги во рамките на програмата за рано откривање на рак на грлото на матката – ХПВ генотипизацијата и ликвид ПАП цитологијата. Мерката е веќе во сила и директно придонесува кон зголемување на бројот на достапни тестирања и подобрување на пристапот на жените до превентивна здравствена заштита.

Намалување на цените и партиципацијата

ХПВ генотипизација – референтната цена се намалува од 5.500 на 3.310 денари, односно за 39,8%. Партиципацијата која ја плаќа пациентот се намалува од 550 на 350 денари.

Ликвид ПАП цитологија – референтната цена се намалува од 2.200 на 1.250 денари, односно за 43,2%. Партиципацијата се намалува од 250 на 150 денари.

Конвенционалниот ПАП тест останува на постојната цена од 600 денари, без промена.

Повеќе тестови за ист буџет

Ревизијата на цените е пресметана врз основа на реалните фактурирани услуги во 2025 година. Анализата покажува дека со задржување на истото ниво на финансирање, бројот на достапни тестирања значително се зголемува:

• ХПВ тестирање: од 13.466 тестови на 22.375 тестови годишно – зголемување од 8.909 тестови (+66,2%)

• Ликвид ПАП цитологија: од 2.427 тестови на 4.271 тест годишно – зголемување од 1.844 тестови (+76,0%)

Ова значи дека за ист финансиски влог значително поголем број жени ќе можат да бидат опфатени со скрининг, вклучително и жени кои досега поради финансиски причини не пристапувале кон овие превентивни прегледи.

Раното откривање спасува животи

Ракот на грлото на матката е еден од малигните заболувања кои можат успешно да се превенираат и лекуваат доколку се откријат навреме. Кога болеста се дијагностицира во рана фаза, стапката на успешно лекување и преживување е значително повисока.

ХПВ тестирањето и цитолошкиот скрининг претставуваат клучни алатки за навремено откривање на преканцерозни промени и рак во ран стадиум, овозможувајќи навремена интервенција и подобри здравствени исходи.

„Со оваа мерка не само што ги намалуваме трошоците за осигурениците, туку создаваме услови значително поголем број жени да бидат опфатени со современи превентивни тестирања. Нашата цел е средствата што ги обезбедува Фондот да се користат поефикасно, а здравствените услуги да бидат подостапни за граѓаните. Раното откривање на болестите спасува животи и затоа вложувањето во превенција останува еден од нашите приоритети“, истакна генералниот директор на ФЗОМ, Сашо Клековски.

Усогласување на Шифарникот на лекови и обезбедување континуитет на терапијата

На денешниот брифинг беше информирано и за измените во Шифарникот на лекови кои се однесуваат на лековите што содржат активна супстанција топирамат, наменета за третман на епилепсија и други невролошки состојби.

По барање на носителите на одобрение за ставање во промет, од Шифарникот на лекови со важност од 1 мај 2026 година се избришани лековите EPIRAMAT (производител Pliva) и TIRAMAT (производител Belupo).

Со цел да се обезбеди непречена достапност на терапијата за осигурениците, во новиот шифарник што е во подготовка ќе биде вклучен лекот TIRAMAT (25 мг, 50 мг и 100 мг), производител FarmaVita, обезбеден преку интервентен увоз.

Со ова се обезбедува континуитет во лекувањето и непречен пристап до терапијата за пациентите кои го користат овој лек.

Тагови
реклама

Ловоровите листови не се само за готвење, можете да ги користите во вашиот дом

Read more

Свини го запали интернетот во проѕирен боди од чипка

Read more

Џака: Ако Аргентина на ваков начин стигна до полуфиналето…

Read more

Шест лица учествувале во физичка пресметка по сообраќајка во Ѓорче Петров

Read more

Македонија

СДСМ: Македонија повеќе не е на европската мапа, Мицкоски ја турна државата во изолација

Read more

Артилериска граната тешка 13,6 кг отстранета од плажа во Дојран

Read more

Променливо облачно со сончеви периоди, попладне можен пороен дожд и грмежи

Read more

Драма на небото над Македонија: Се скршил прозорец на авион, патник за малку ќе излетал

Read more

Вести

Прогласено највисоко ниво на закана во Ормускиот Проток

Читај повеќе

Словенец приведен во Прилеп откако го симнал и запалил општинското знаме

Читај повеќе

СДСМ: Македонија повеќе не е на европската мапа, Мицкоски ја турна државата во изолација

Читај повеќе

Артилериска граната тешка 13,6 кг отстранета од плажа во Дојран

Читај повеќе
  • play_arrow

Иран го затвори Ормускиот Проток, САД возвратија со нов бран напади врз над 140 воени цели

Читај повеќе

Шест лица учествувале во физичка пресметка по сообраќајка во Ѓорче Петров

Читај повеќе
  • play_arrow

Најмалку две лица загинаа во пукање на фестивал во Торонто

Читај повеќе

Иран: Нема да преговараме со САД додека Вашингтон не го промени пристапот

Читај повеќе

Променливо облачно со сончеви периоди, попладне можен пороен дожд и грмежи

Читај повеќе