ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2025

Ѓорѓиевски дискотеките ќе ги извади на периферијата, младите брачни двојки ќе бидат 100% ослободени од комуналии ако градат куќа

Иднината на Скопје, кандидатот за градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски, ја гледа како град кој функционира паметно, брзо и чесно преку вистинска дигитализација. Тој денес кажа дека откога ја направил Кисела Вода прва дигитална општина не само во Македонија, туку на целиот Балкан, таквиот модел ќе го пренесе и на градско ниво.

„Со 17 проекти од оваа област Скопје ќе стане првиот целосно ‘пејпер фри’ град во државата, дигитален, модерен и пред сѐ транспарентен. Дигиталната трансформација ќе се изврши во три клучни сегменти. Комплетна внатрешна дигитализација на сите процеси и процедури, креирање на дигитални услуги и сервиси за граѓаните и бизнис заедницата и комплетна дигитализација на Советот и на јавните претпријатија со што Градот ќе ја започне најголемата административна реформа досега“, вели Ѓорѓиевски.

Посебна организациона единица со назив „смарт центар“ Ѓорѓиевски вели дека ќе биде срцето на дигиталната трансформација. Преку овој центар ќе се координираат сите проекти за дигитализација на Градот, односно воведување на паметен град овозможувајќи дигитално управување со транспорт, отпад, јавни ресурси и услуги преку податоци и анализи во реално време.

„Ќе воведеме документ-менаџмент систем за сите административни процеси да се дигитализираат од прием на предмети до нивно решавање, со јасен дигитален траг на секој документ. Ова ќе гарантира отчетност, брзина, минимално влијание на човечкиот фактор, и пред сѐ подобра услуга за нашите граѓани“, рече Ѓорѓиевски.

Практичната имплементација на визија за урбан развој за Скопје 2025-2045 година ќе се реализира преку проектот Дигитален близнак на Скопје со што ќе се создаде дигитална реплика на градот со интеграција на просторни податоци, сензори и документи. Овој систем Ѓорѓиевски смета дека ќе овозможи интелигентно урбано планирање, поефикасно управување со инфраструктурата, климатска отпорност и брз одговор при непогоди.

 

Секој извод од Генералниот урбанистички план ќе биде достапен дигитално со електронски потпис, рече Ѓорѓиевски

Ѓорѓиевски најави дигитализација на сите регистри во Град Скопје, проект за е-даноци со кој решенијата за данок на промет ќе се издаваат за пет работни дена, а даноците ќе се плаќаат електронски. Со проектот е-адреса во соработка со Катастарот ќе се изврши комплетно мапирање на улиците и објектите и секој објект ќе добие видлив број, секоја улица матичен број, правилен назив и QR код  со можност за граѓаните да добијат електронска потврда за точната адреса.

Дигиталната платформа за културно наследство ќе интегрира 3D реконструкции, виртуелни тури и дигитални архиви на културното богатство на Скопје достапни за граѓаните и туристите.

Градскиот портал Ѓорѓиевски вети дека ќе биде централно место преку кое граѓаните, бизнисите и институциите ќе имаат централен пристап до сите услуги на градот, јавните претпријатија и јавните установи, брзо транспарентно и достапно.

Со е-извод од ГУП секој извод од Генералниот урбанистички план ќе биде достапен дигитално со електронски потпис, скопјани ќе добијат една картичка со која ќе можат да ги плаќаат сите градски услуги јавен превоз, паркинг, билети за култура и спорт со попусти и бесплатни услуги за учениците, пензионерите, невработените и лицата со попреченост.

Ѓорѓиевски планира комплетна дигитализација на Советот на Град Скопје и јавните претпријатија кои ќе работат транспарентно и дигитално преку електронски седници на Советот и состаноците на Управните одбори, со електронски пристап до материјалите, гласање и дискусија со јавна достапност и на сите записници.

 

Сите средни и големи компании во Скопје ќе бидат обврзани да ангажираат најмалку еден млад вработен до 25 години за секои 20 постојани вработувања, рече Ѓорѓиевски

Со посебни мерки, Ѓорѓиевски ќе ги задржува младите дома.

„Сакаме да изградиме град кој ќе им понуди шанса, простор и поддршка да растат и да создаваат овде во Скопје. Затоа ја воведуваме мерката која веќе даде одлични резултати во Кисела Вода, а тоа е ослободување од комуналии за млади брачни двојки. Младите брачни парови до 40 години, без друг имот, ќе добијат 100% ослободување од комуналии при изградба на куќа за домување. За општините што веќе донеле ваква одлука, како Општина Кисела Вода, ослободувањето ќе изнесува 100%, а за останатите општини 60%, односно делот кој му припаѓа на Град Скопје“, рече Ѓорѓиевски.

Во програмата задолжително младинско вработување Ѓорѓевски предвидува обврска за сите средни и големи компании во Скопје да ангажираат најмалку еден млад вработен до 25 години за секои 20 постојани вработувања.

„Оваа мерка се темели на успешни модели од земји како Германија и Холандија каде младинските квоти и стимулации за работодавачите резултирале со значително зголемување на вработеноста кај младите“, рече Ѓорѓиевски.

Тој денес промовираше младински центар за кариера кој ќе обезбедува менторство, обука и поврзување со работодавачи, најави проект за поддршка на млади занаетчии, субвенции за современа опрема на занаетчиите, дигитални уреди и технички алати, но и кампања „Учи занает, гради иднина“ за директна вклученост на локалните мајстори.

Ѓорѓиевски ќе го враќа и ноќниот живот во Скопје

„Со цел враќање на ноќниот живот во Скопје ќе изградиме диско-зона со која ќе се создадат специјализирани зони за летни дискотеки и ноќни клубови, надвор од центарот на градот со цел намалување на метежот, бучавата и притисокот врз градското јадро овозможувајќи контролиран ноќен развој и ревитализација на периферијата“, вели Ѓорѓиевски.

Најави и дигитални станбени хабови, проектот „Паметно семејство“ кој ќе создаде станбени зони за млади брачни парови и повратници од странство со засилена социјална и дигитална инфраструктура и целосна дигитализација на пазарот на недвижности со што сите достапни станови и деловен простор ќе бидат јавно објавени на градскиот портал.

реклама
njljddnjljnjdlj.jpg

Одземени компјутери и вршен распит во Општина Струмица за изборен криминал

Read more
Исламска држава ја презеде одговорноста за нападот во Египет

Исламска држава ја презеде одговорноста за нападот во Египет

Read more
Пет минути пилатес за жените кои поминуваат многу време во седење

Пет минути пилатес за жените кои поминуваат многу време во седење

Read more
Како најлесно да се ослободите од првутот?

Како најлесно да се ослободите од првутот?

Read more

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ прави чистки во своите редови

Read more

Сончево време со температури до 19°C

Read more

Кренар Лога се повлече од Алијансата за Албанците и од сите партиски функции

Read more

ССМ: Работниците бараат минимална плата од 600 до 700 евра

Read more
 

Вести

Русите имаат нов план за Газа: Се разликува од американскиот во една важна точка

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ прави чистки во своите редови

Читај повеќе
  • play_arrow

Како Трамп избегнува новинарски прашања за поврзаноста со педофилот Епстин?

Читај повеќе

Во БиХ сè уште не можат да се договорат кој ќе ги води преговорите со ЕУ

Читај повеќе

Што се случува со американските санкции врз Русија?

Читај повеќе

Сончево време со температури до 19°C

Читај повеќе

Кренар Лога се повлече од Алијансата за Албанците и од сите партиски функции

Читај повеќе

Премиерата на Магбет ќе го отвори фестивалот Шекспир и ќе го одбележи 81. роденден на Битолскиот театар

Читај повеќе

Русите составија ранг-листа на непријателски влади

Читај повеќе