Ѓорѓиевски: Град Скопје е спремен за невремето

Град Скопје е подготвен за најавеното силно невреме, објави на „Фејсбук“ градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски заедно со фотографии од чистење шахти и сливници низ градот. Тој доби силни забелешки и од граѓаните и од опозицијата по невремето од почетокот на месецов кога јавниот сообраќај сопре, неколку скопски населби до кои се стигнува преку подвозници и кружни текови останаа отсечени од градот и имаше стотина пријави за поплави.

„Екипите на ЈП ‘Водовод и канализација’ – Скопје денес, како и секојдневно во континуитет, вршат интензивно расчистување на канализациската линија, шахтите и сливниците, со цел да се обезбеди непречено прифаќање и одведување на атмосферските води и да се намали ризикот од поплавување на критичните точки во градот.  Согласно најавите на УХМР, во попладневните часови се очекува силно невреме. Кризниот штаб на Град Скопје одржа состанок, целосно е мобилизиран, а екипите ќе бидат постојано присутни на терен, подготвени навремено да интервенираат и да се справат со можните последици“, вели градоначалникот Ѓорѓиевски.

Градоначалникот апелира граѓаните да не фрлаат отпад во шахтите, сливниците и на јавните површини, бидејќи го блокираат протокот и оневозможуваат правилно одведување на дождовната вода.

„Град Скопје останува буден, мобилизиран и во целосна служба на граѓаните“, вели градоначалникот во пресрет на невремето.

Управата за хидрометеорологија за попладне најави пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за краткотрајно невреме со град.

Слична беше и прогнозата за први јули, кога кусото невреме претвори во големи базени многу улици во градот.

реклама

Македонија

Сојузот на борци од Тетово бара со закон да се забрани именувањето улици во чест на фашисти

Read more

Утре времето ќе биде сончево и многу топло

Read more

Гужва на Табановце: Странци чекаат ред за да платат казни снимени од Безбеден град

Read more

Лажни пораки наводно испратени од Безбеден град стигнуваат до граѓаните, МВР со апел како да ги препознаете

Read more

Вести

  • play_arrow

Како сцена од филм: Унгарци снимале како минуваат низ страшниот пожар кај Омиш

Читај повеќе

Сојузот на борци од Тетово бара со закон да се забрани именувањето улици во чест на фашисти

Читај повеќе

Утре времето ќе биде сончево и многу топло

Читај повеќе

Гужва на Табановце: Странци чекаат ред за да платат казни снимени од Безбеден град

Читај повеќе

Лажни пораки наводно испратени од Безбеден град стигнуваат до граѓаните, МВР со апел како да ги препознаете

Читај повеќе

Сестрата на Ким Џонг Ун му одговори на Зеленски: Неговите тврдења се неосновани

Читај повеќе

УЈП во Охрид: Сите што издаваат сместување и опрема за рекреација на вода имаат обврска да платат данок на личен доход

Читај повеќе

ЈСП пушти нова линија, ќе вози од Радишани до Карпош 3

Читај повеќе

Топењето на глечер откри морничава тајна стара 34 години: Пронајдени двајца исчезнати алпинисти

Читај повеќе