Грејната сезона официјално почнува на 15 октомври: Испораката на топлинска енергија ќе зависи од атмосферските услови

Од 15 октомври официјално почнува грејната сезона 2025/2026 година за сите потрошувачи приклучени на системот за централно греење во градот Скопје, со кој управува АД ЕСМ. Преку системот се греат околу 66.000 активни потрошувачи, од кои 65.000 домаќинства и над 1.000 деловни потрошувачи, во кои се вклучени болници, здравствени домови, средни и основни училишта и детски градинки, велат оттаму.

Испораката на топлинска енергија, како што појаснуваат, ќе се одвива секојдневно согласно строго утврдените правила и дијаграми што зависат од атмосферските услови и надворешните температури.

„Според правилата, во месец октомври и првата половина од ноември, кога временските услови често се менуваат, снабдувањето со топлинска енергија ќе зависи од температурата на воздухот и атмосферските услови во различни периоди од денот, односно кога температурите се пониски, испораката на топлинска енергија се зголемува, а кога се повисоки, се намалува. При точно утврдени атмосферски услови, кога надворешните дневни температури ќе достигнат одредени гранични вредности, испораката на топлинската енергија се прекинува, односно системот се исклучува. Веднаш по падот на температурите под утврдените гранични вредности, централното греење повторно се вклучува. Со ваквиот начин на регулирана испорака се обезбедува оптимална потрошувачка на топлинска енергија и минимални можни трошоци за греење на потрошувачите.

Воедно ја информираме јавноста дека систем операторот за пренос на гас НОМАГАС најави дека оваа година поради ремонтни активности на регионалните транспортни системи за пренос на природен гас и гасоводот Турски поток се очекува од 13 до 17 октомври да има прекин во испораката на природен гас кон потрошувачите во земјава.

Очекуваме расположливите количини на гас во преносниот систем да бидат доволни за обезбедување квалитетна испорака на топлинска енергија, согласно надворешните температурни услови. Сепак, доколку во преносниот гасоводен систем со кој управува НОМАГАС не се обезбедат соодветни количини, можни се незначителни редукции на испораката на топлинска енергија кои нема значително да влијаат на комфорот на потрошувачите, и тоа само во периодот од 15 до 17 октомври“.

Апелираат до потрошувачите, заедниците на сопственици и управителите да ги обезбедат потребните услови за непречена испорака на топлинска енергија во објектите по почетокот на грејната сезона.

Потрошувачите и заедниците на сопственици е потребно да ги отстранат дефектите на внатрешната грејна инсталација во најкус можен рок, да овозможат непречен пристап на екипите на компанијата до топлинската станица, да обезбедат постојано напојување на топлинската станица со електрична енергија (платени сметки за електрична енергија за топлинската станица и функционална електрична инсталација).

„Во делови од градот каде се врши санација на дефекти на топлификациската мрежа, истите навремено се објавуваат на веб-страницата ЕСМ Снабдување. Пред да пријават дефект или рекламација, важно за потрошувачите е да проверат дали нивниот објект се наоѓа на списокот на моментално затворени објекти кои во моментов немаат услови за испорака на топлинска енергија.

За дополнителни информации, пријави на дефекти или известувања за завршени интервенции, потрошувачите можат да се обратат до ЕСМ Снабдување – центарот за грижа на потрошувачи на телефонските броеви 02 3076 200 и 075 400 100, како и во службите на ЕСМ Енергетика на телефонските броеви 02 3104 816 и 02 3104 872.“

реклама
njljddnjljnjdlj.jpg

Одземени компјутери и вршен распит во Општина Струмица за изборен криминал

Read more
Исламска држава ја презеде одговорноста за нападот во Египет

Исламска држава ја презеде одговорноста за нападот во Египет

Read more
Пет минути пилатес за жените кои поминуваат многу време во седење

Пет минути пилатес за жените кои поминуваат многу време во седење

Read more
Како најлесно да се ослободите од првутот?

Како најлесно да се ослободите од првутот?

Read more

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ прави чистки во своите редови

Read more

Сончево време со температури до 19°C

Read more

Кренар Лога се повлече од Алијансата за Албанците и од сите партиски функции

Read more

ССМ: Работниците бараат минимална плата од 600 до 700 евра

Read more
 

Вести

Русите имаат нов план за Газа: Се разликува од американскиот во една важна точка

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ прави чистки во своите редови

Читај повеќе
  • play_arrow

Како Трамп избегнува новинарски прашања за поврзаноста со педофилот Епстин?

Читај повеќе

Во БиХ сè уште не можат да се договорат кој ќе ги води преговорите со ЕУ

Читај повеќе

Што се случува со американските санкции врз Русија?

Читај повеќе

Сончево време со температури до 19°C

Читај повеќе

Кренар Лога се повлече од Алијансата за Албанците и од сите партиски функции

Читај повеќе

Премиерата на Магбет ќе го отвори фестивалот Шекспир и ќе го одбележи 81. роденден на Битолскиот театар

Читај повеќе

Русите составија ранг-листа на непријателски влади

Читај повеќе