Времето денеска сончево и релативно топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 9, а максималната ќе достигне од 17 до 24°C.
Во Скопје, претежно сончево и релативно топло со слаб ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 23°C.
Во текот на новата седмица ќе преовладува променливо облачно време. Од понеделник до среда ќе има локални врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат пообилни, а во вторник ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Температурите ќе бидат во опаѓање.