Рано утрово пред 4 часот изби тежок пожар во сервис за возила пред Пинтија (над Стаклара во местото наречено Каменик) во кој имаше повеќе автомобили, уље и други запаливи предмети, информира утрово директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов.
Додаде дека БППЗ Скопје веднаш излегле на лице место и со 8 возила по тешка борба со огнот пожарот бил изгаснат пред 6:00 часот.
Според последните информации од ЦУК до 7:00 часот утрово на територијата на Македонија има вкупно 13 пожари на отворен простор, од кои 1 е активен, под контрола се 2 пожара, а изгаснати се 10 пожари.
АКТИВНИ: 1
1. Општина Гевгелија: Кожуф планина кај с. Петрово (приземен пожар, лисна маса);
ПОД КОНТРОЛА: 2
1. Општина Студеничани: Депонија Дрисла (ѓубре);
2. Општина Гази Баба: с. Трубарево (електричен отпад);
ИЗГАСНАТИ: 10
1. Општина Пробиштип: нас. Калниште – с. Добрево (висока дабова шума и нискостеблеста вегетација);
2. Општина Кочани: м.в. Царев Врв, Осоговски Планини (ниска вегетација и стрништа);
3. Општина Шуто Оризари: ул. „Нов Живот“ (ѓубре);
4. Општина Гази Баба: ул. „Перо Наков“ (ѓубриште);
5. Општина Студеничани: с. Горна Количани (ниска вегетација);
6. Општина Врапчиште: с. Неготино (ниска вегетација);
7. Општина Долнени: с. Лажани (ниска вегетација);
8. Општина Демир Хисар: Грејшки Пат (ниска вегетација);
9. Општина Куманово: градски гробишта (ниска вегетација);
10. Општина Липково: с. Оризаре (стрниште).