Јакимовски: Пресудата е политички мотивирана

Градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски е изненаден од пресудата со која е осуден на затворска казна од 3 и пол години.

Обвини дека се работи за политички мотивирана пресуда и најави жалба до Апелацискиот суд.

„Навистина сум изненаден од пресудата. Без никакви докази, на 100% докази на наша страна дека немаме сторено кривично дело, носат пресуда со која ме осудуваат на 4 години со единствена казна затвор на 3 години и 6 месеци“, изјави Јакимовски.

Во насока на делото, Јакимовски изјави дека е осуден за легализација на две бараки кои биле монтажно-демонтажни и направени од гипс-картон, во согласност со сите стандарди, додавајќи и дека дека за времени објекти не може да се води кривична постапка.

Рече и дека Обвинителството се послужило со фалсификат кој бил докажан со вештачење, но судот не го зел предвид.

Основниот кривичен суд Скопје денеска му досуди казна затвор од 3 и пол години на Јакимовски, во врска со градењето на административната зграда на Општината.

реклама

Колач ден и ноќ идеален за Свети Јован

Read more

Тепачка во авион од Германија што слетал на скопскиот аеродром

Read more

16-годишник со автомобил удрил во пешак во Скопје

Read more

Израел и Иран постигнаа таен договор преку Русија

Read more

Македонија

Претреси на повеќе локации поради сомнежи за даночна измама од поголеми размери

Read more

Забранети дополнителни 33 нелегални приредувачи на онлајн игри на среќа – вкупно 307 досега

Read more

Муцунски: Одлуката на САД не значи крај за туристичките визи и Work & Travel програмата

Read more

Македонски концепт: Фактот што Македонија е ставена на иста листа со Судан и Сомалија е длабоко поразителен и алармантен сигнал

Read more
 

Вести

Путин со насмевка: Ситуацијата на меѓународната сцена се влошува

Читај повеќе
  • play_arrow

Европски војници пристигнаа на Гренланд: Ова е порака до Трамп

Читај повеќе

Орбан контра Брисел: Не сметајте на нас - нема да платиме

Читај повеќе

Претреси на повеќе локации поради сомнежи за даночна измама од поголеми размери

Читај повеќе

Откриено кој стои зад идејата на Трамп за преземање на Гренланд

Читај повеќе

Фотографија со „кинески супервојник“ стана вирална

Читај повеќе

Сојузниците на Путин: Нè напушти кога ни беше најпотребен

Читај повеќе
  • play_arrow

Србија им дозволила на шпионите на Путин да тестираат звучни топови на кучиња

Читај повеќе

16-годишник со автомобил удрил во пешак во Скопје

Читај повеќе