Нападите кон синдикалниот лидер Слободан Трендафилов, според пратеникот од Левица, Сашко Јанчев, не се случајни, туку добро разработено сценарио.
Јанчев уште пред речиси една година на гостување во ТВ 24 Вести рече дека владите имаат посебен механизам за справување со синдикатите кога тие почнуваат да бараат поголеми права или покачување на платата на работниците.
Она што тогаш го обајсни Јанчев одговара на она што денес се случува со претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов, кој е мета на обвинувања дека е политички мотивиреан, дека работи за опозицијата и дека злоупотребува службени возила, па дури и беше сниман како ги зема неговите деца од училиште.
„Тоа е класичен пример од учебници на разбивање на синдикати и тоа оди во неоколку члекори“, вели Јанчев. „Првиот чекор е карактерна дискредитација на синдикалните лидери. Се обвинуваат за корупција, лошо управување, неетичко однесување и тоа сѐ оди преку контролирани медиуми. Втората етапа е тврдењето на властите дека синдикалните лидери се политички мотривирани или работат за опозициски партии, дека не рабготат за интересите на работниците, дека застапуваат радикални идеологии или работат за странски служби. Третата етапа е власта создава слика за синдикалните лидери дека се елитисти, отуѓени од работниците, дека се привилегирани бирократи кои не застапуваат вистински проблеми на обични работници. Четвртата етапа се клеветнички кампањи во медиумите со фризирани негативни приказни, она сечено-лепено-монтирано од изјави на синдикати. И петтата етапа е кога најмали судири внатре во синдикатот владата ги користи за да поддржува фракции. Ова е по книга на десничарски влади за разбивање на синдикати“, објасни пратеникот на Левица.