Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
-Од 8:30 до 12:30 часот, корисниците на улицата 1506 Скупи и дел од улицата Никола Карев 9 кај река Лепенец и Стоп Енд Го, општина Карпош;
-Од 9:00 до 15:00 часот, дел од корисниците на улицата 31 Волково, оштина Ѓорче Петров;
-Од 11:00 до 13:00 часот, дел од корисниците на улицата Ефтим Спространов, Кисела Вода.
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека за денеска имаат планирано неколку интервенции во водоводната мреже и тоа:
· поради изведување на водоводен приклучок Ф100мм. на улица Железничка 66, со прекинато водоснабдување ќе бидат дел од корисниците на улицата Железничка и Неуромедика.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 9:00 часот до завршување на работните активности.