Граѓанската иницијатива „Шанса за Центар“ се огласи за локацијата на поранешната Печатница на Нова Македонија за која утре ќе се одлучува на Седницата на Советот на Општина Центар.
Оттаму велат дека „вакво чудовиште градот не видел, но општината не смогна сили да направи ново решение туку со 'корекции' се обидува да го 'дотера'“.
„Се смета за грешка една линија која недостасува во планот, ама не е грешка целиот концепт на развој на овој простор. Дали со сите сознанија и искуства во 2026 мора да спроведуваме одлуки од 2012 година?“, велат од „Шанса за Центар“ и јавно го повикуваат планерот „ТАЈФА ПЛАН“ да го образложи решението со кое површината за градба е 105.000m2, на основа од 5.200 m2.
„Согласно правилникот за урбанистичко планирање за таа површина со деловна намена потребни се 1.750 паркинг места, мои може да се обезбедат само со 10 подземни нивоа. Коефициентот на искористеност е k= 17, иако за сите околни градби е 4 или 5. Пристапниот пат до влезот за гаражата е залепен до постојните стари објекти без можност за тротоар“, нагласуваат од „Шанса за Центар“ и потсетуваат дека урбанистичкото планирање треба да обезбеди уставно загарантирана заштита на јавниот интерес.
За локацијата на поранешната Печатница на Нова Македонија утре ќе се одлучува на Седницата на Советот на Општина Центар...
Posted by Шанса за Центар on Wednesday, February 18, 2026