Како се славеше независноста на Република Македонија во 1991?

Република Македонија денеска одбележува 34 години од референдумот на кој граѓаните се изјаснија за самостојна и суверена држава.

На 8 септември 1991 година убедливо мнозинство - 95% од граѓаните што излегле на референдумот, позитивно одговориле на референдумско прашање: „Дали сте за самостојна Македонија со право да стапи во иден сојуз на суверени држави на Југославија?“

На гласањето, според официјалните податоци, од 1.495.626 гласачи излегле 1.132.981 граѓанин со право на глас или 71,85 отсто, а од вкупниот број граѓани кои гласале на Референдумот позитивно се изјасниле 1.079.308 граѓани односно 95,09 отсто (односно 72,16 % од вкупниот број на граѓани со право на глас). Резултатите само по себе говорат за успешноста на Референдумот. Во официјалниот извештај на Комисијата за спроведување на Референдумот се вели дека за начинот на кој бил спроведен не биле поднесени приговори или жалби поради неправилности или повреди на одредбите на Законот за републички Референдум. Комисијата ја констатирала масовноста на граѓаните со право на глас во Македонија кои се изјасниле „за“ самостојна и суверена Македонија.

На референдумот му претходела Декларација за независност што првиот повеќепартиски Македонски парламент што ја усвоила на 25 јануари 1991 година. Следен важен чекор беше усвојување на новиот Устав на 17, ноември 1991 година.

Првиот претседател Киро Глигоров прогласи независност на Република Македонија на спонтаната прослава што се одржа вечерта на плоштадот во центарот на Скопје.

Remote video URL

реклама

Јахтата на Закерберг не одговори на повик за помош во Алјаска

Read more

Денвер на смешен начин ја одбил понудата на Панатинаикос за Јокиќ летово

Read more

Што се случува со шеќерот во крвта кога јадете лубеница?

Read more

Какви промени носи Марс во Рак од 11 август до 27 септември?

Read more

Македонија

Надминат проблемот со здравственото осигурување на вработените во МВР

Read more

Николоски за проблемот со транспортерите: Имаме договори со Швајцарија, Хрватска и Романија, работиме со уште три земји

Read more

Стефковски: Нула комуналии за изградба на куќа за млади до 35 години

Read more

Ѓорѓиевски: Депонијата не е на територија на Град Скопје, а водата во Скопје е исправна

Read more

Вести

Надминат проблемот со здравственото осигурување на вработените во МВР

Читај повеќе

Николоски за проблемот со транспортерите: Имаме договори со Швајцарија, Хрватска и Романија, работиме со уште три земји

Читај повеќе

„Ткајачи на филм“ е темата на визуелниот идентитет на 47. издание на фестивалот „Браќа Манаки“

Читај повеќе

Стефковски: Нула комуналии за изградба на куќа за млади до 35 години

Читај повеќе

Ѓорѓиевски: Депонијата не е на територија на Град Скопје, а водата во Скопје е исправна

Читај повеќе

Пожар на Закинтос, упатен итен апел

Читај повеќе

Вработени во МВР останаа без здравствено, ФЗО вели дека не им се платени придонесите

Читај повеќе

Јаневска: Околу 50 случаи на врсничко насилство се пријавуваат во просек во училиштата на годишно ниво

Читај повеќе

Миграциска политика на ЕУ: И левичарите го заоструваат ставот

Читај повеќе