Ќе се гради нов Скопски саем

Директорот на Службата за општи и заеднички работи, Ивица Томовски, денеска одржа работна средба со претставници на „Скопски саем“, на која дискутираа за потребата и важноста од изградба на нов саемски комплекс во Скопје. На средбата беа разгледани можностите за локација, инфраструктурни услови и иновации кои би го направиле новиот саемски простор конкурентен на регионалните и меѓународните пазари.

„Враќањето на 'Скопски саем' во сопствен објект не само што ќе ја оживее економската активност, туку и ќе го зајакне регионалниот и меѓународниот профил на Македонија како важен трговски и деловен центар“, изјави директорот Томовски, истакнувајќи го значењето на оваа иницијатива за развојот на економијата.

Даниела Глигоровска, директорка на „Скопски саем“, ги нагласи предностите од обновување на саемската активност, која веќе неколку години не се одржува во свој објект.

„Саемите претставуваат клучни настани за промоција на македонските производи и услуги, како и за создавање на нови можности за странски инвестиции и соработка. Изградбата на современ саемски комплекс ќе ги отвори вратите за нови можности и ќе создаде услови за зајакнување на економијата“, додаде Глигоровска.

На средбата беше договорено меѓуинституционалната соработка и поддршка да продолжи и во периодот што следи подетално да се разгледаат сите аспекти и можности за изградба на нов објект за потребите на саемските манифестации.

реклама

Хајди Клум ги прекрши сите правила на Канскиот филмски фестивал

Read more

Лето 2025: Топ 5 најевтини места за одмор за македонските туристи

Read more

Зверев: Готово е, Ѓоковиќ е мојот тренер

Read more

Нова студија нуди ефикасен метод за слабеење без гладување

Read more

Македонија

МВР апелира: На матурска прослава без автомобил, без консумирање алкохол

Read more

Без вода денеска дел од Карпош

Read more

Променливо облачно со сончеви периоди, кон крајот на денот дожд

Read more

Силјановска-Давкова: Потребни се гаранции за македонската евроинтеграција

Read more
 

Вести

Повеќе од 40 мртви во ноќните напади врз Газа

Читај повеќе

Анализа: Зеленски сака да го разоткрие Путин - ја игра неговата игра, но дали ќе успее

Читај повеќе

МВР апелира: На матурска прослава без автомобил, без консумирање алкохол

Читај повеќе

Трамп го откажа учеството на преговорите по објавата дека Путин нема да присуствува

Читај повеќе

Русите без Путин одат на преговори со Украинците

Читај повеќе

Без вода денеска дел од Карпош

Читај повеќе

Променливо облачно со сончеви периоди, кон крајот на денот дожд

Читај повеќе

Силјановска-Давкова: Потребни се гаранции за македонската евроинтеграција

Читај повеќе

Филипче: Не можам да најдам разумно објаснување зошто ВМРО-ДПМНЕ не го поддржа законот за помош за настраданите од Кочани

Читај повеќе