Лажни пораки наводно испратени од Безбеден град стигнуваат до граѓаните, МВР со апел како да ги препознаете

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека изминатиов период е забележана појава на фишинг напади кои се изведуваат преку лажни СМС пораки, електронски пораки, веб-страници, мобилни апликации и пораки на социјалните мрежи.

Лажните пораки наводно пристигнуваат од Оддел за моторни возила како известување од системот Безбеден град и во истите е наведен лажен линк преку кој се пренасочуваат граѓаните да извршат уплата за наводен сообраќаен прекршок.

Лажна порака

„Апелираме до граѓаните да бидат внимателни при користењето на интернет, да не се отвораат сомнителни линкови и пораки, никогаш да не споделуваат лични податоци, како што се броеви на банкарски картички, лозинки или лични идентификатори преку неовластени канали, да ја проверат адресата на испраќачот – официјалните институции и компании користат службени домени, да користат двофакторска автентикација (2FA) за дополнителна заштита на нивните сметки и да пријават сомнителни пораки кај надлежните институции или во надлежната банка“, велат од МВР.

Вистинска порака од МВР

СМС известувањата за направен прекршок треба да бидат од испраќач MVR-SC. Во текстот задолжително треба да содржи регистарска ознака од возилото кое направило прекршок, и линк од следниот формат: https://safecountry.mvr.gov.mk.

 

реклама

Разбиена озлогласената „Дубаи Банка“ што переше пари за нарко-картели 

Read more

Винисиус го покажа на дело новото правило во ЛШ

Read more

Млада Месечина во Девица на 11 септември: Големо ресетирање за секој хороскопски знак

Read more

22-годишната Зејнеп е новиот тренер на машката екипа на Тургутлуспор

Read more

Македонија

Утре сончево и топло, попладне со услови за дожд, грмежи и засилен ветер

Read more

Сексуалното образование оди на ревизија

Read more

Мицкоски не кажа колку пари е настапот на Давид Гета оти и граѓаните и буџетот настаните ги чинат 0 денари, сè платиле компании

Read more

Само 32% од учениците го достигнале основното ниво по математика, Јаневска: Резултатите се многу лоши

Read more

Вести

ЕУ ги менува правилата за јавни набавки: Најевтината понуда повеќе нема да биде пресудна

Читај повеќе

Црна Гора бара полноправно членство во ЕУ: Не прифаќаме статус на членка од втор ред

Читај повеќе

Германија ќе му доставува на Киев податоци за Украинците способни за воена служба

Читај повеќе

Утре сончево и топло, попладне со услови за дожд, грмежи и засилен ветер

Читај повеќе

Боите на слободата во Музеј на Македонија

Читај повеќе

Сексуалното образование оди на ревизија

Читај повеќе

Мицкоски не кажа колку пари е настапот на Давид Гета оти и граѓаните и буџетот настаните ги чинат 0 денари, сè платиле компании

Читај повеќе

Американската војска уништи 5 ирански танкери, Техеран веднаш возврати

Читај повеќе

Само 32% од учениците го достигнале основното ниво по математика, Јаневска: Резултатите се многу лоши

Читај повеќе