Левица и оваа година со поддршка за првомајските протести

Во време кога капиталот ја гаси секоја искра на отпор, платите стагнираат, цените растат, а власта парче по парче ги крати работничките права и ја продлабочува социјалната неправда, време е за работничка солидарност. 1 Мај е денот кога работникот треба да покаже дека неговиот глас никогаш нема да биде замолчен, порачуваат од политичката партија Левица.

Од партијата велат дека владата на ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ и ВЛЕН со своите празни ветувања за обновување на „гордоста“, оставила работниците да се борат сами за своето егзистенцијално опстанување, додека постепено се губи достоинството на трудот.

„Партиите на олигархијата, исклучени од реалноста, за нецелосен мандат на власт, во повеќе наврати ја демонстрираа својата оттуѓеност од реалните потреби на работниците и наклонетоста кон интересите на капиталот, и бесрамно одбија реални решенија за подобрување на правата на работникот, додека тие уживаат во своите удобни фотелји. Така, за само неколку месеци власт работникот доби зголемена сиромаштија и институционализирана неправда која ги погодува најранливите во општеството.
Потсетуваме дека, додека Левица нудеше законски решенија за подобрување на работничките права – работникот да добива надоместок за патни трошоци, платата да ја добива навреме до 5-ти во месецот, избегнувајќи непотребни казнени камати за задоцнето плаќање, породилно отсуство за мајките од 18 месеци, владата на ДПМНЕ-ЗНАМ-ВРЕДИ јасно застана на страната на капиталот и ноншалантно ги одбиваше сите предлози кои значеа враќање на достоинството за работникот, а најлошо од сѐ – се изземаа од трипартитниот договор со капиталистите, кадешто требаше да бидат гарант дека работниците ја имаат подршката од државата“, велат од Левица.

Затоа, велат оттаму, 1 Мај не е ден за тишина – 1 Мај е ден за отпор, за гласно, организирано НЕ на капиталистичкиот систем што ги гази нашите животи.

„За систем што ќе служи на работникот, а не на профитот. Левица како единствена партија која се бори за подобар статус на работникот, го подржува протестот на ССМ за 1 Мај, и ги повикува сите работници на сплотеност и истрајност во борбата за работничките права“, се вели во соопштението на Левица.

реклама

Крај на измамите со вратена километража на возила

Read more

Масовни апсења на млади луѓе низ Европа, некои имаат само 14 години

Read more

Што му предвидува неделниот хороскоп на вашиот знак?

Read more

Кој предмет во домаќинството е повалкан од бањата?

Read more

Македонија

Независниот синдикат на полицијата денеска на протест

Read more

Променливо време, попладне нестабилно со пороен дожд

Read more

Делови од Ѓорче Петров и Аеродром денеска без струја

Read more

Температури до 25°C, вечерва пороен дожд и грмежи

Read more
 

Вести

  • filter

Дали Трамп ќе го „оживее“ злогласниот затвор Алкатраз?

Читај повеќе

Масовни апсења на млади луѓе низ Европа, некои имаат само 14 години

Читај повеќе

Индија и Пакистан најавија директни преговори, се почитува прекинот на огнот

Читај повеќе

Независниот синдикат на полицијата денеска на протест

Читај повеќе

Променливо време, попладне нестабилно со пороен дожд

Читај повеќе

Скок на цените на нафтата

Читај повеќе

Делови од Ѓорче Петров и Аеродром денеска без струја

Читај повеќе

Како Владимир Путин повторно го надмудри Трамп?

Читај повеќе

Јужноамерикански рибари преживеале 55 дена на отворено море

Читај повеќе