Левица: Наместо нови автобуси во ЈСП, нови автобуси добија приватните превозници

Партијата Левица остро реагираше на најавата на градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, дека од понеделник ќе започнат да сообраќаат 55 нови автобуси на приватните превозници, оценувајќи дека тоа е уште едно „импровизирано решение“ на штета на јавниот интерес.

„Наместо нови автобуси во ЈСП, нови автобуси за приватните превозници! Четири години ВМРО-ДПМНЕ го држеше Советот на Град Скопје во блокада и не гласаа за набавка на нови еко-автобуси, поради што јавниот превоз колабираше, а градот западна во хаос. Денес, кога ја имаат целата власт, се обидуваат да изиграат спасители и најавуваат нови автобуси од приватници, наместо системско јакнење на ЈСП“, стои во соопштението на партијата.

Левица обвинува дека ваквиот потег отвора сомнеж дека се подготвува терен за приватизација на јавните претпријатија, наместо за нивно реформирање и модернизација.

„Се поставува прашањето зошто приоритет им е набавка на автобуси за приватниците, а не за Јавното сообраќајно претпријатие? Истите тие што беа против купување нови автобуси, сега носат импровизирани решенија. Истиот двоен стандард го гледаме и со Градска хигиена - Скопје, тонeше во смет поради нивните блокади, а сега се сликаат со метли како да го чистат туѓиот нере“, порачаа од партијата.

Од Левица додаваат дека нивните советници во Советот на Град Скопје ќе се спротистават на секоја одлука што го фаворизира приватниот интерес пред јавниот и нема да дозволат, како што велат, „дополнително уништување на јавните претпријатија“.

„Ние сме за силно, јавно и модерно ЈСП, а не за приватизација и политички маркетинг“, се наведува во соопштението на Левица.

Тагови
реклама

Пилешките стекови ќе бидат посочни ако додадете една состојка пред готвењето

Read more

Голем неделен хороскоп од 5 до 11 октомври

Read more

Дали петок 13 ноември 2026 ќе биде „Судниот ден“?

Read more

Како да направите традиционална крцкава туршија?

Read more

Македонија

Прекин на водата во делови од Карпош 1 и Дебар Маало

Read more

Ќе нема струја во дел од Карпош 1

Read more

Утрото ведро и студено, во текот на денот сончево со температура до 29 степени

Read more

Гаши формираше Совет на поранешни претседатели на Собранието

Read more

Вести

Јужна Кореја стана еден од главните снабдувачи на гориво за Русија

Читај повеќе

Прекин на водата во делови од Карпош 1 и Дебар Маало

Читај повеќе

Ќе нема струја во дел од Карпош 1

Читај повеќе

Утрото ведро и студено, во текот на денот сончево со температура до 29 степени

Читај повеќе

Двајца загинаа откако брод потона во Црното Море, Зеленски тврди дека бил погоден од руски дронови

Читај повеќе

Учениците во ЕУ сè послаби во математика, читање и природни науки

Читај повеќе

Нема веќе вештачка интелигенција: Трамп го забрани терминот AI и формираше Сили за суперинтелигенција

Читај повеќе
  • filter

Поранешниот симбол на Триглав е пред исчезнување: Последниот глечер во Словенија речиси исчезна

Читај повеќе

Гаши формираше Совет на поранешни претседатели на Собранието

Читај повеќе