Левица поднесе Предлог-закон за заштита на името ВМРО

Пратеникот и лидер на Левица, Димитар Апасиев, на својата Facebook страница објави дека пратеничката група на Левица во Собранието официјално поднела нов Предлог-закон за заштита на името Внатрешна македонска револуционерна организација – ВМРО.

„Конечно, дојде Денот за законска заштита на името ВМРО и забрана разно-разни злосторнички здруженија олицетворени во бизнис-партии да го злоупотребуваат ова име за лично богатење. #ПослушајтеПатриоти“, напиша Апасиев.

Координаторот на Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски, остро реагираше на предлог-законот, нарекувајќи го „срамен обид“ и дел од поширока агенда насочена кон бришење на македонската историја и идентитет.

„Радикални маргинални структури се обидуваат повторно да предизвикаат вештачки конфликти со симболите на државноста и борбата. Последниот обид на Левица е ништо друго освен директна нарачка од круговите што со децении работат против македонскиот идентитет“, порача Мицевски во изјава до медиумите.

Тој потсети дека слични обиди имало и во 2018 година, со поддршка од, како што рече, тогашната власт на СДСМ, ДУИ и СЈО. Тогаш тие обиди биле спречени со поддршка од пријателски држави и сестрински партии.

Мицевски посебно го спомена лидерот на Левица, Димитар Апасиев, за кого рече дека од советник во СЈО сега преминал во улога на извршител на туѓи интереси.

реклама

Не фрлајте ги старите фармерки: Со едноставен трик повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Суптилен знак на замастен црн дроб кај жените над 50 години 

Read more

Јокиќ ја сподели тактиката на размислување пред натпревар

Read more

Фицо: Литванија и Латвија ми забранија да летам над нивна територија до Москва

Read more

Македонија

Рисицата Благица ги израдува македонските еколози

Read more

„Водовод“ со акција за отплата на долговите на рати од 20 април до 5 јуни

Read more

И денеска сончево време, од утре дожд и пад на температурите

Read more

СДСМ: Странска разузнавачка компанија ангажирана за следење на опозицијата

Read more
 

Вести

  • filter

Рисицата Благица ги израдува македонските еколози

Читај повеќе

Голем пресврт во Словенија: Нова шанса за Јанез Јанша да формира влада

Читај повеќе

Трамп одржа итен кризен состанок во Белата куќа за Ормутскиот Теснец

Читај повеќе

Додик: Нашата борба за слобода ќе заврши кога ќе се обединиме со Србија

Читај повеќе

Камала Харис: Биби Нетанјаху го вовлече Трамп во војна

Читај повеќе

Фицо: Литванија и Латвија ми забранија да летам над нивна територија до Москва

Читај повеќе

„Водовод“ со акција за отплата на долговите на рати од 20 април до 5 јуни

Читај повеќе

И денеска сончево време, од утре дожд и пад на температурите

Читај повеќе

Трамп одобри да се купува руска нафта

Читај повеќе