Левица: ВМРО-ДПМНЕ со увоз на евтина работна сила ја блокира борбата за повисока минимална плата

Одлуката на Владата на ВМРО-ДПМНЕ и премиерот Христијан Мицкоски за издавање нови 10.000 дозволи за престој и работа на странски државјани е уште еден доказ дека оваа власт свесно ја жртвува иднината на сопствениот народ во корист на профитот на крупниот капитал, сметаат од Левица.

„Наместо политики што ќе го задржат и вратат младото и работоспособно население, ДПМНЕ гради модел на држава со празни домови и полни бизниси со евтина, увезена работна сила. Владата на Мицкоски отворено застанува на страната на газдите прифаќајќи ја логиката дека платите треба да се притискаат НАДОЛУ, а правата на работниците да се МИНИМИЗИРААТ, за да се зголеми профитот на малкумина. Со тоа, трудот на македонскиот работник се девалвира, а државата се претвора во сервис на стопанските елити, предводени од луѓе како Бранко Азески, кои одамна ја диктираат економската политика, без изборен легитимитет, но со огромна моќ“, велат од политичката партија Левица, која во македонското собрание е застапена со 6 пратеници.

Оттаму посочуваат дека „ова е отворено признание дека Владата не планира да ја крене вредноста на трудот, туку да ја собори. Кога македонски работници масовно си заминуваат поради ПОНИЖУВАЧКО ниски плати, ДПМНЕ не гледа проблем во платите, туку во тоа што нема доволно 'резервна армија' за експлоатација“, додаваат од црвената партија.

Левица отсекогаш како една од примарните борби ја посочуваше минималната плата, за која постојано се залага да се зголемува.

„Увозот на работници е и геополитичка операција. Со истата логика, ќе се отвораат вратите за масовен прилив на МИГРАНТИ од Британија, за што веќе најавија тамошните медиуми. Додека македонските граѓани заминуваат во странство да работат како луѓе од втор ред, Владата на ДПМНЕ се подготвува Македонија да ја претвори во резервоар на евтина работна сила и прифатен центар за туѓи социјални проблеми.“

реклама

Од вторник Земјата влегува во златно време на сончевите затемнувања

Read more

Помрачување на Сонцето на 17 февруари: Нов почеток за 4 хороскопски знаци

Read more

Катаклизмична бура ја разнесе Грција: Плажи се претворија во ровови, патишта и домови целосно уништени

Read more

Исчезнатиот Виктор Илиоски најден починат

Read more

Македонија

Капиштец повеќе од 6 часа без вода, дефект кај Цветен пазар ја поплавува улицата Народен фронт

Read more

Јанчев од Левица пред една година предупреди како владите ги разбиваат синдикалните организации и барања

Read more

Утре променливо облачно време со температура до 11 степени

Read more

Четворица кандидати во трката за државен јавен обвинител добија позитивно мислење

Read more
 

Вести

Капиштец повеќе од 6 часа без вода, дефект кај Цветен пазар ја поплавува улицата Народен фронт

Читај повеќе
  • play_arrow

Јанчев од Левица пред една година предупреди како владите ги разбиваат синдикалните организации и барања

Читај повеќе

Илјадници во Косово протестираа против судењето на командантите на ОВК во Хаг

Читај повеќе

Силен земјотрес во Босна, почувствуван и во Далмација

Читај повеќе

Утре променливо облачно време со температура до 11 степени

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Катаклизмична бура ја разнесе Грција: Плажи се претворија во ровови, патишта и домови целосно уништени

Читај повеќе

Глумците ПЕАТ на 24 и 25 март со македонска музика и нови актерски имиња

Читај повеќе
  • play_arrow

Татко ја убил мајката на натпревар на нивниот син

Читај повеќе

Кина забрзано гради нуклеарни подморници

Читај повеќе