Левица во Прилеп: Со почит кон борбата од минатото и визија за промени во сегашноста

По повод 11 Октомври, Денот на востанието на македонскиот народ Левица вчера положи цвеќе на Могилата на непобедените и пред споменикот на Кузман Јосифовски-Питу во центарот на Прилеп. Во полна со дух и средечна атмосфера партиска делегација предводена од лидерот на Левица, проф. д-р Димитар Апасиев, одржа средба со граѓани на која беше презентирана програмата за Прилеп, се наведува во соопштението на Левица.

„Симболиката на денов би требало да ја разбуди свеста на прилепчани и да покажат дека се народ кој е спремен за револуција, и на следните локални избори да изберат советници кои вистина ќе се борат за Прилеп, преку конструктивна критика и објективни одлуки“, изјави Жарко Стеваноски, кандидат за советник во Општина Прилеп.

На народната средба носителот на советничката листа на Левица во Прилеп, Методија Костоски, ги претстави четирите главни приоритети на програмата.

„Прво ќе направиме сеопфатна ревизија на сите поголеми проекти, особено на тие што немаат технички прием, заедно со целиот движен имот со кој располага партијата. Следно е инклузија на граѓаните. Сакаме да ги отвориме вратите на општината и да ги вклучиме сите во процесот на  одлучување. Трето, а можеби и најважно, е сообраќајниот хаос со кој се соочува Прилеп. Мора да почнеме со регулирање на сообраќајот. Ќе поднесеме иницијатива за укинување на платеното зонско паркирање. Четврто е контрола врз финансиското работење на јавните претпријатија“, истакна Костоски.

И покрај силната цензура кон нив, од Левица порачуваат дека нема да се предадат и ќе продолжат со директни средби со народот низ целата држава, за да ја донесат борбата за правда и транспарентност во секоја општина.

реклама

Како да го омекнете гравот и да го скратите времето на варење?

Read more

2027 година ќе им го ресетира животот на 5 хороскопски знаци

Read more

Европејците во фиоките чуваат богатство вредно 65 милијарди евра: 700 милиони стари уреди кријат вредни суровини

Read more

Зошто секогаш треба да имате супа од коска во замрзнувачот?

Read more

Македонија

Утре сончево со мала до умерена локална облачност

Read more

Со заем од 46 милиони евра ќе се подобруваат условите во затворите

Read more

Врховен за укинувањето на пресудата за Јакимовски: Не било утврдено дали објектот бил траен или времен

Read more

Ахмети: Пресудата за Тачи и поранешните водачи на УЧК е неправедна и длабоко разочарувачка

Read more

Вести

Кина ќе развива нуклеарен тенк од 60 тони

Читај повеќе

Сателитски податоци: Гренланд и Антарктикот изгубиле над 12 трилиони тони мраз

Читај повеќе

Путин: Никој нема да може да ја распарчи Русија или да нè заплаши

Читај повеќе

Утре сончево со мала до умерена локална облачност

Читај повеќе

Со заем од 46 милиони евра ќе се подобруваат условите во затворите

Читај повеќе
  • filter

Како Хашим Тачи од миленик на Западот и Косовскиот Вашингтон стана осуден воен злосторник?

Читај повеќе

Врховен за укинувањето на пресудата за Јакимовски: Не било утврдено дали објектот бил траен или времен

Читај повеќе

Германските возачи бесни поради цените на горивата, Мерц најави мерки

Читај повеќе

Зеленски: Русија двапати се обиде со дронови да го нападне мојот авион

Читај повеќе