Мицкоски не кажа колку пари е настапот на Давид Гета оти и граѓаните и буџетот настаните ги чинат 0 денари, сè платиле компании

Сите настани околу прославата на 35 години самостојност ги платиле општествено одговорни компании, рече премиерот Христијан Мицкоски. Иако денес прв пат проговори за цената на настаните, сепак не кажа колку пари се платени уметниците и организаторите со објаснување дека не се потрошени средства на граѓаните. Кажа дека досега молчел за тоа оти сакал сите да го доживеат како посебен момент.

„Имам лоша вест за сите оние коишто шпекулираа, негодуваа, клеветеа, лиферуваа лажни информации, а молчев, не сакав да зборувам, затоа што оставав сето она коешто претставуваше навистина посебен момент за градовите низ земјава да биде посебен момент и за граѓаните во тие градови — имаше и таков настан и тука во Штип. Што е лошата вест? Лошата вест е дека буџетот сите овие настани го чинат 0 денари. И граѓаните и буџетот, сите овие настани ги чинат 0 денари. Слободно можете да проверите на Отворени финансии, ќе видите дека сето ова граѓаните и буџетот ги чини 0 денари. Сè е организирано од општествено одговорни компании. Јас жалам што кај поединци Фројд работи, што мислат како тие би правеле дека и некој друг така прави, но оваа Влада е домаќинска, оваа Влада е промакедонска којашто се грижи за граѓаните, пронародна, и секој денар буџетски средства се троши на транспарентен начин. Лошата вест, уште еднаш ќе повторам, за нив, е дека се потрошени 0 денари буџетски средства за организација на сите овие настани, а сепак имавме незаборавно лето“, рече премиерот Мицкоски денеска по пуштањето во употреба на нова спорстка сала во Штип.

Пред да каже дека не се потрошени средства од буџетот за прославата, премиерот Мицкоски заклучи дека имавме навистина историско лето, лето за паметење со настапи на голем број светски ѕвезди низ градовите во земјава.

„Сè започна со Битола на 2 Август, Стив Аоки, потоа продолжи оној караван 'Силно светнал ден' којшто замина низ 11, 12, 13 градови, вклучително и манифестацијата во Скопје, вклучително и онаа манифестација што ќе следи на 15-ти во Тетово. Потоа во Струмица беа Окенфолд и Ван Дајк, исто така мегаѕвезди. Потоа рок спектакл исто во Струмица, групите македонски, рок, коишто учествуваат таму на тој настан, меѓу нив и 'Меморија'. Потоа на Градскиот плоштад во Скопје, заедно со македонските олстар ѕвезди, Хосе Карерас настапи во еден навистина голем спектакл. И сето тоа кулминираше со овој спектакл којшто се одржа вчера на Градскиот стадион, каде што светски број еден, ѕвездата Давид Гета, приреди навистина спектакл за паметење. 50-ина илјади луѓе навистина уживаа и сето тоа беше посебно да се следи, посебно во текот на летото“, рече премиерот Мицкоски и се заблагодари на граѓаните и на сите кои учествувале во организацијата на настаните оти „покажавме дека како држава знаеме, и можеме, и умееме да направиме светско, а да се случува тука во Македонија“.

Токму организаторот на настаните, Бобан Милошески од Авалон продукција, кому премиерот денес му се заблагодари, во понеделникот на новинарско прашање за тоа кога јавноста ќе дознае колку чини настапот на Давид Гета, место да одговори, праша „Дали ти изгледам ко идиот?“ и го навлече гневот на јавноста поради натранспарентниот и арогантен однос.

реклама

Македонија

Излезот од блокадата со Бугарија е во дијалогот, смета Мицкоски

Read more

Попладнево пороен дожд, грмежи и засилен ветер

Read more

Левица: Партијата која ги распродаде фабриките и остави илјадници стечајци не може да држи лекции за минимална плата

Read more

Од понеделник Безбеден град во Охрид

Read more

Вести

Питони, отровна змија и гуштер под седиштето: косовски државјанин се обидел нелегално да ги внесе во Македонија

Читај повеќе

Излезот од блокадата со Бугарија е во дијалогот, смета Мицкоски

Читај повеќе

Шефот на Ryanair ја смирува авиоиндустријата: Ќе има доволно керозин

Читај повеќе

Теснецот е одблокиран, зошто цените на горивата не паѓаат?

Читај повеќе

Запленети 43 тони кокаин: Секна рутата од Латинска Америка кон Европа

Читај повеќе

Попладнево пороен дожд, грмежи и засилен ветер

Читај повеќе

Прикриеното етничко чистење на христијаните во Либан: Предупредување за Европа

Читај повеќе

Левица: Партијата која ги распродаде фабриките и остави илјадници стечајци не може да држи лекции за минимална плата

Читај повеќе

Од понеделник Безбеден град во Охрид

Читај повеќе