Мицкоски: Оние што се против законот за високо образование сакаат плата од 150.000 денари, а не сакаат да напишат труд

Сите оние кои се против законот за високо образование, всушност се плашат од новите критериуми за избор во звање, изјави премиерот, Христијан Мицкоски, денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на Законот за високо образование и кои се очекувањата во однос на Законот.

„Сите оние политички шпекуланти коишто јавно кажуваа дека се против законот, наводно на тој начин се нарушувала автономијата, импровизираат и манипулираат. Зошто, впрочем ги видоа вчера ректорите на државните универзитети како го поддржуваат. Тие во суштина се плашат од новите критериуми за избор во звање. До сега, работевме по Законот од 2018 година. И нашиот најстар, најреномиран, еве би рекол Универзитет, во моментот 'Св. Кирил и Методиј', на Шангајската листа падна 1000 места. Всушност, не знам и дали воопшто е рангиран. А, едно време беше рангиран. Е сега, тие сакаат да работат еден ден во неделата. Сакаат плата 120-150.000 денари, а не сакаат еден труд да напишат годишно, што им е работа, еден труд. Не сакаат еден труд да напишат. Тоа е исто како, како јас сега како претседател на Владата да доаѓам на работа пола ден во неделата и да барам да имам десет пати повисоки примања и да не одговарам за ништо во државата. Тоа не оде така“, рече Мицкоски.

Рече дека Владата ги покачила платите како резултат на Колективниот договор, двојно кај универзитетските работници.

„И знам дека ќе има и такви коишто ќе излезат и сега ќе ме критикуваат, иако сум јас редовен професор. И ќе кажуваат како тоа било вака, па ќе бараат точка и запирка во мојата изјава, но суштината е таа. Не сакаат да работат. Сакаат да имаат 6 часа неделно, да ги затворат во еден ден. Сакаат 120-130-150.000 денари плата и ни еден труд да не пишуваат. Ни еден научен труд да не напишат. Е тоа не може повеќе да биде. Тоа повеќе не може да биде, затоа што работата на професорите и асистентите во високо образовните институции е составена од три столба. Апликативна работа, образовна, нели да предаваат, апликативна да соработуваат проекти со стопанство и така натаму. И научна, да пишуваат трудови. Тоа е она коешто го бараме. Еве, на одредени факултети им пречеше Web of Science, добро ја проширивме базата, еве и Scopus ќе биде. Без пари, оваа Влада им овозможи да пристапат на базите на списанија коишто се во рамките на Web of Science и Scopus, е па не знам што повеќе да направиме. Мора да работат, ако сакаат и ако сакаат да имаме иднина како држава, мора да се зафатат со работа“, рече Мицкоски.

реклама

Крај на една ера: Украина повеќе не зависи од милоста на Трамп

Read more

3 хороскопски знаци ги очекува голем финансиски успех во следните две недели

Read more

Бајката во Реал завршува: Кој може да си го дозволи Мбапе?

Read more

Африканскиот континент се цепи: Дали во новиот расед ќе се појави море?

Read more

Македонија

Левица: Регионалните патишта се распаѓаат под товарот на претоварени камиони

Read more

Грчките учебници исти како македонските: Бугарија во Втората светска војна била фашистички окупатор

Read more

Скоро 87% од нафтените деривати минатата година во Македонија биле увезени од Грција

Read more

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче со ист речник како Софија, главен спроведувач на бугарските интереси и послушник на Радев

Read more
 

Вести

Словачка ја затвори границата со Украина

Читај повеќе

ЕК: ЛГБТИ+ луѓето не се за лечење

Читај повеќе

Германски суд пресуди: Milka ги довела потрошувачите во заблуда

Читај повеќе

Пентагон ќе купи 10.000 нискобуџетни ракети

Читај повеќе

Распишан меѓународниот конкурс за необјавена песна на 9. издание на „Антево слово“ 2026

Читај повеќе

Путин добива нови овластувања во врска со руските војници

Читај повеќе
  • play_arrow

Крај на една ера: Украина повеќе не зависи од милоста на Трамп

Читај повеќе

Работник тешко повреден при пад од висина во Кочани

Читај повеќе

Жена тешко повредена по пад во шахта на Партизанска

Читај повеќе