Мицкоски: Поразително за целата држава е констатацијата на многумина дека системот во Југославија бил многу поорганизиран од сега

Потребна е длабока мобилизација на сите структури во општеството за да направиме рестарт на системот којшто е трул и нефункционален, оптоварен со многу отстапки, неразумни компромиси, силувања и разочарувања. Не само мобилизација на политичките елити, туку длабока мобилизација на сите структури во општеството. Потребен е суштински дијалог со сите општествени фактори важни за државата, порача премиерот Христијан Мицкоски на централното чествување на Денот на народното востание – 11 Октомври.

Од Центарот за култура во Прилеп, премиерот порача дека е подготвен да го води тој процес и сите да се обединат околу платформа која нема да биде само политичка или економска, туку општествена за целите што сакаме да ги постигнеме како држава.

„Академската средина се подели на про наши и про нивни, додека МАНУ секогаш за сите прашања е поттурнувана на страна, и се водат чудни полемики за проценти на застапеност, за тоа кој бил, а кој не бил академик, наместо за проценти на искористеност на нивните знаења и искуства. Има многу прашања за кои не се прашани, но и тие некако автоцензурирачки и задоцнето реагираат. Имам чувство дека престана да се комуницира со младите кои си создадоа свој микросвет, поразличен од нашиот. Одиме заедно низ процесите, но различно зборуваме. Затоа е потребен дијалог. И кога ќе речам дијалог, најмалку мислам на она што најпрво ви поаѓа на ум – покана за лидерска средба со опозицијата, што завршува со сала за состаноци, заедничка фотографија, милион прашања, а малку одговори и изјави во кои се тркаме кој ќе биде помудриот. Овој пат говорам за суштински дијалог со сите општествени фактори важни за државата – академската средина, професорите, академиците, науката, младите, искусните и оние со енергија за движење напред. Подготвен сум да го поведам тој процес и да се обединиме околу платформа, не политичка или само економска, туку општествена, за целите што сакаме да ги постигнеме како држава и патот кон тие цели“, рече Мицкоски.

Потсети дека во изминатите 30 години државата поминала низ тешки моменти како ембарга, транзиција, воен конфликт, вета, промена на името и дека секој од нив оставал трага врз колективната свест и меморија.

„Сакам да кажам дека никој од нас не е исклучен од свесноста за она што ѝ се случи на државата и сите овие работи ја уништуваа самодовербата и ја убиваа надежта. Многумина – тоа е причината поради која си заминаа и неповратно се иселија. Оправдано, но сепак поразително за целата држава е констатацијата на многумина дека системот во Југославија бил многу поорганизиран од сега. Не е тоа толку носталгија кон тој систем, нешто што било пред 30 и повеќе години, колку што е пред сè револт кон нефункционирањето на системот што се гради овие 30 години. А, системот е трул и нефункционален, оптоварен со многу отстапки, неразумни компромиси, силувања, разочарувања. Затоа на граѓаните им се смачува од политика, од расправии за основните прашања. Затоа што премногу луѓе го заборавија моралот и вредностите што треба да бидат арматурата отпорна на сите потреси. И виновниците за сето ова имаат и име и презиме. И ги знаеме сите нивни репризи, фарси, нивните мотиви и нивните цели што не се исти со нашите. Не знаеме до кога ќе прават вака, но знаеме дека нема да дозволиме да успеат, дури и тогаш кога ќе подаруваат поклони на други држави, а и кога ќе добиваат поклони од други држави. Она што вистински го знам и го потпишувам е сознанието дека оваа генерација, оваа наша генерација, е последната шанса по која ќе нема поправен, нагласи Мицкоски.

Порача дека државата оди по вистинската патека и дека патот не е лесен, но е вистинскиот.

„И тој пат го градиме со срце, со вера и со љубов кон татковината. Секој чекор е за иднината на нашите деца, за младите што сакаат да останат, за Македонија што не се предава“, рече Мицкоски.

реклама

„Протече“ документ: Путин најде нов сојузник во ЕУ, се подготвува средба во Москва

Read more

ФСБ објави досега невидени снимки од масакрот во Москва, во кој загинаа 149 луѓе

Read more

Мелони го крена Сенатот на нозе: Не жалам за Берлинскиот ѕид, ни за руските тенкови

Read more

Смрдливките во овој период од годината влегуваат во домовите: Како да се ослободите од нив?

Read more

Македонија

Левица: Македонија треба да преговара со институциите на ЕУ, а не да прифаќа билатерални уцени

Read more

Може ли Софија да го блокира македонскиот јазик во ЕУ? Милошоски предупредува, според СДСМ нема ризик

Read more

Утре дожд и засилен северен ветер, на планините се очекува и снег

Read more

Град Скопје: Новиот Луна парк ќе биде завршен до крајот на 2027 година, согласно ветениот рок

Read more

Вести

Kyiv Independent: Да ги кажеме работите со вистинското име, Трамп ѝ помага на Русија да победи

Читај повеќе

Решение за најнеобичната граница во светот: Азербејџан и Ерменија би можеле да разменат територии

Читај повеќе

Левица: Македонија треба да преговара со институциите на ЕУ, а не да прифаќа билатерални уцени

Читај повеќе

Може ли Софија да го блокира македонскиот јазик во ЕУ? Милошоски предупредува, според СДСМ нема ризик

Читај повеќе

Утре дожд и засилен северен ветер, на планините се очекува и снег

Читај повеќе

Маск: И така, масакрот продолжува, време е Зеленски да си оди

Читај повеќе
  • play_arrow

ФСБ објави досега невидени снимки од масакрот во Москва, во кој загинаа 149 луѓе

Читај повеќе

Чуварите на времето по историска одлука во Версај: Засекогаш се менува начинот на кој го сметаме времето?

Читај повеќе

Град Скопје: Новиот Луна парк ќе биде завршен до крајот на 2027 година, согласно ветениот рок

Читај повеќе