Мицкоски повика на фер третман: Уморни сме од постојаните блокади поради билатерални прашања

Премиерот Христијан Мицкоски и високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Каја Калас, имале отворен разговор за македонските евроинтеграции, откри премиерот на заедничката прес-конференција. Патот, вели Мицкоски, не беше ни лесен, ни краток, ниту секогаш праведен, поплочен со многу предизвици, компромиси и предолго чекање.

„Ние припаѓаме во ЕУ, не затоа што некој ни го должи тоа, туку затоа што со децении градиме општетство на демократски вредности, владеење на право, човекови права и добрососедство. Ќе се согласиме, не сите земи-членки и не секогаш се однесуваат во европскиот дух. Денес во разговорите побарав фер третман, доследност. Европа да покаже лидерство кое ќе донесе нешто вредно за граѓаните во реалноста. Да се врати вербата во европската идеја, особено кај младите. Да покажеме дека ЕУ не е затворена, туку за нас е жива визија, заедница на вредности. Денес не само што зборувавме за реформии, туку ги живееме тие реформи. Веруваме во европскиот сон и бараме да биде достапен за сите“, рече Мицкоски.

Тој изрази верување дека иднината е на нашата страна. „Ние сме подготвени, Европа може да смета на нас, а сега е време и ние да можеме да сметаме на Европа“, рече Мицкоски на заедничката прес-конференција со Калас.

Премиерот ја повтори подготвеноста на земјата да прифати медијација за разговори со Бугарија, како и решителноста да се изнајде решение кое ќе биде достоинствено.

„Уморни сме од континуирани блокади коишто се однесуваат на билатерални прашања“, изјави премиерот.

Рече и дека Македонија прифатила да седне на маса со Бугарија за време на НАТО самитот, со што во присуство на меѓународната заедница би биле слушнати аргументите од двете страни.

Калас порача дека Северна Македонија припаѓа во ЕУ и треба да ги преземе чекорите за почеток на преговорите. Го пофали усогласувањето со надворешната политика на Унијата, а во однос на механизмите со кои би се деблокирал процесот на преговорите, не сакаше да открие детали. Унијата верува дека планот А за македонските евроинтеграции ќе функционира, истакна таа, прашана зошто за Македонија нема план Б, а има за Украина.

реклама

Истрагата за падот на кобниот Boeing се врти околу едно клучно прашање

Read more

Израел го нападна Иран: Најголемата воена конфронтација меѓу двете држави досега

Read more

Трик како вашиот дом секогаш да мириса убаво

Read more

Модриќ одби да помине медицински прегледи за Милан

Read more

Македонија

СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ се препираат: Чија заслуга е реконструираниот регионален пат од Охрид до Св. Наум?

Read more

За двајца поранешни министри запрена постапката за трагедијата во Кочани

Read more

Владата блокира уште 173 интернет-страници за онлајн-коцкање, информира Меџити

Read more

Нови детали од истрагата за пожарот во „Пулс“

Read more
 

Вести

  • filter

13 јуни 1943, загинал македонскиот поет Кочо Рацин

Читај повеќе
  • play_arrow

Втор бран израелски напади, „обезглавено“ иранското воено раководство

Читај повеќе
  • filter

„Чиста петка“ од прилепската публика за „Слепци“ на Турски театар  - Скопје

Читај повеќе

СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ се препираат: Чија заслуга е реконструираниот регионален пат од Охрид до Св. Наум?

Читај повеќе

За двајца поранешни министри запрена постапката за трагедијата во Кочани

Читај повеќе
  • play_arrow

Објавени снимки од експлозиите во нуклеарниот комплекс на Иран

Читај повеќе

Владата блокира уште 173 интернет-страници за онлајн-коцкање, информира Меџити

Читај повеќе

Нови детали од истрагата за пожарот во „Пулс“

Читај повеќе

МНР апелира македонските граѓани да се воздржат од патувања кон Израел и Иран

Читај повеќе