Мицкоски: Заробени во минатото, политичките противници мислат дека со црна кампања ќе нѐ оттргнат од планот и амбицијата

На денешниот народен митинг во Зелениково во рамките на изборната кампања за локалните избори 2025 година со слоган „Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина!“, обраќање имаше и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски при што кажа дека политичките противници СДС, ДУИ и Левица не извлекоа поука од поразот на минатите избори, се нереформирани и заробени во минатото и ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата којашто е за развој и напредок на државата.

„Политичките противници не извлекоа резултати од претходните избори и продолжија по она старото како до сега. Така и се однесуваат во оваа кампања за мене можеби малку чудно, несвојствено од првиот ден на почетокот на оваа кампања почнаа со црна кампања со напади врз мене, врз луѓето кои се дел од раководството на партијата врз кандидатите и идни градоначалници со ниски страсти еден од перјаниците на таа кампања на СДС денеска ќе напише дека голем штос во оваа кампања би било да го најдат исецкано моето тело во оние куфери кои што се обидоа неколкумина да ги постават во близина на штабот на ВМРО-ДПМНЕ а потоа да пријават дека има подметнато бомба во текот на вчерашниот ден и на тој начин тие мислат дека ќе не оттргнат од реалните проблеми дека ќе не оттргнат од планот и амбицијата кој што ја имаме да испорачаме за граѓаните бидејќи нашето место е овде пред граѓаните и за граѓаните. Има политичари кои живеат од Македонија и од граѓаните и има политичари коишто живеат за Македонија и граѓаните“ нагласи Мицкоски.

Мицкоски посочи дека на овие локални избори има две понуди едната опција СДС, ДУИ и Левица, а другата опција е ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, трета опција нема.

„На овие избори имаме такви две понуди секој кој мисли дека има трета опција се лаже. Од една страна имаме полуформална коалиција СДС, ДУИ и Левица а од друга страна е коалицијата којашто ја предводи ВМРО-ДПМНЕ односно коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ со народот. Првата опција на СДС, ДУИ и Левица е понуда која што се обединила исклучиво поради еден интерес а тоа е повторно со трик, лага конструкција да се обидат да дојдат на власт и потоа да уживаат од она коешто граѓаните го создаваат во државата. На грбот на граѓаните и Македонија. Втората причина е патолошкиот гнев кој го имаат кон ВМРО-ДПМНЕ. Првата опција е нереформирана, втората опција е ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата која изминатите 15 месеци покажа и докажа дека со напорна работа и чесна работа дека голем дел од децениските проблеми успева да ги реши“ кажа Мицкоски.

Мицкоски ги повика граѓаните на 19 октомври да гласаат за број 9 за јасен план и јасна визија за напредок на Македонија.

„Изминатите 15 месеци понудивме план и визија како да ја развиваме Македонија. Или ќе избереме опција во која што се враќаме назад опција која Венко, Димче и Ахмети ќе не врати назад во минатото или ВМРО-ДПМНЕ која има јасна визија план како да се бори за секое едно семејство, за секој млад човек. На 19 октомври да гласаме за бројот 9“ заклучи Мицкоски.

реклама

Што ви носи големиот неделен хороскоп од 7 до 13 септември?

Read more

Хеликоптер што гаснеше пожар го „истушира“ Ангелов додека даваше изјава 

Read more

Путин со часови разговараше со најблиските луѓе на Трамп

Read more

Реал Мадрид десеткуван пред средбата со Интер

Read more

Македонија

Хеликоптер што гаснеше пожар го „истушира“ Ангелов додека даваше изјава 

Read more

Генералниот секретаријат се огласи за возачот фатен со обележани 500 евра

Read more

Возачот на Јанушев барал 1.500 евра за вработување пожарникар, фатен со обележани 500 евра

Read more

Почна ослободувањето на трасата за скопскиот „мост што води во дневна соба“

Read more

Вести

  • play_arrow

Хеликоптер што гаснеше пожар го „истушира“ Ангелов додека даваше изјава 

Читај повеќе

Зошто европските земји го повлекуваат своето злато од Америка?

Читај повеќе

Генералниот секретаријат се огласи за возачот фатен со обележани 500 евра

Читај повеќе

Возачот на Јанушев барал 1.500 евра за вработување пожарникар, фатен со обележани 500 евра

Читај повеќе

6 септември 1923, роден е последниот крал на Кралството Југославија

Читај повеќе

Фон дер Лајен го зајакнува партнерството со Гренланд

Читај повеќе

Грчкиот премиер го откри планот за зголемување на платите пред изборите

Читај повеќе

Путин со часови разговараше со најблиските луѓе на Трамп

Читај повеќе

ОН изгласа нова мапа на светот: Европа и Америка се намалуваат, Африка расте

Читај повеќе